ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕГУЛАТИВАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА БР. 1383/2003 ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Miloshoska, Danijela (2011) ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕГУЛАТИВАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА БР. 1383/2003 ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Меѓународно научно списание Хоризонти на Универзитетот “Св. Климент Охридски”- Битола, Битола, 2011.

[thumbnail of implementacija na regulativata na EU br.1383 2003 vo RM-1.docx] Text
implementacija na regulativata na EU br.1383 2003 vo RM-1.docx - Published Version

Download (36kB)

Abstract

За да се постигне максимална заштита на правата од интелектуална сопственост како што се трговската марка, индустрискиот дизајн и правата од патент, неопходно е превземање на определни царински мерки за заштита на истите. За таа цел, земјите членки на Европската унија превземаат иницијативи за примена на опредлени правила за заштита на правата од интелектуална сопственост како што е на пример задржување на стока за која постои сомневање дека врши повреда на правата. На 1-ви Јули 2004 година настапи таканаречениот “нов режим” со донесувањето на Регулативата на Советот на Европската унија број 1383/2003 од 22-ри Јули 2003 година која се однесува на царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост.
Во областа на заштитата на правата од интелектуална сопственост-борба против фалсификување и пиратерија на стоки, во Република Македонија во мај 2005 година, од страна на Собранието беше усвоен Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост. Со Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектулна сопственост се постигна потполно усогласување на македонското законодавство со законодавството на Европската унија и ТРИПС Договорот. Донесувањето на овој закон е новина во однос на постоечките царински прописи и воведува нов квалитет во работењето на царинските органи. При изработката како модел се користеше Регулативата на Советот на ЕЕЗ 1383/2003. Надлежностите на Царинската управа кои произлегуваат од овој закон се однесуваат на постапувањето на царинските служби во случаите кога се врши повреда на некое право од интелектуална сопственост со увоз, извоз, повторен извоз, привремен увоз или транзит на одредена стока. Во законот се утвредени мерките кои се превземаат против стоките за кои ќе се утврди дека повредуваат такви права.
Клучни зборови: царина, права од интелектуална сопственост, регулатива

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r. Danijela Miloshoska
Date Deposited: 11 Jul 2023 10:43
Last Modified: 11 Jul 2023 10:43
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8650

Actions (login required)

View Item View Item