KEKENOVSKI, JOVE (2014) Changing the name - a condition for Macedonian ambitions for EU and NATO membership (Промена на името – услов за македонските амбиции за членство во ЕУ и НАТО). Промена на името – услов за македонските амбиции за членство во ЕУ и НАТО, 1. (In Press)
Text
БАЛКАНСКИ ФОРУМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - PREDAVANJE.docx Download (57kB) |
Abstract
Вовед
Моето денешно обраќање ќе биде од аспект на укажување за презвемање на неопходни правни мерки, инструменти и постапки за одбрана на нашето име, и во таа смислаа заштита на државните и националните интереси и зачување на македонскиот идентитет, јазикот и културата
Познато е дека Република Македонија веќе одамна ги исполнува условите за добивање на датум за отпочнување на преговори за полноправно членство во ЕУ и во НАТО алијансата. Но, едно е исполнување на критериумите, а сосема нешто друго се интересите и политиките на одредени земји членки на овие асоцијации односно се покажа дека дека правото е само продолжена рака на политиката – селективната примена на правото од страна на моќните држави.
Во случајот со нашата држава, единствено нешто што може да се оцени како некаков хендикеп е нашето со ништо неотуѓиво меѓународно правно-признато право да се нарекуваме со име по сопствен избор.
На почетокот сакам уште на старт да направам јасна дисктинција помеѓу интимното - личното чувство и гордост за национална припадност на еден древен народ со своја препознатлива историја, јазик и култура и реалноста со која сме соочени која за жал многумина од нас не успевааат да ја согледаат, а уште помалку да ја разликуваат и притоа се обидуваат да собираат политички поени токму на планот темата на спорот со името.
Години наназад се изнаслушав и изнагледав т.н ,,патриоти” кои сечеа вени и на кои од запенетите усти им излегува паролата ,,името не го даваме”, а оние кои имаат поинакво мислење да ги етикетираат како предавници-платеници, a никако сето тоа да им го кажат на оние кои не доведоа до ова дереџе односно оние кои јавно или тајно преговараат за промена на името и на некои други елементи од нашата препознатливост.......
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science |
Divisions: | Faculty of Tourism and Hospitality |
Depositing User: | Prof. d-r Jove Kekenovski |
Date Deposited: | 29 Apr 2023 06:58 |
Last Modified: | 29 Apr 2023 06:58 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8218 |
Actions (login required)
View Item |