Ристовска, Мирјана and Спироска, Елизабета and Вељановска, Светлана and Тунтевски, Никола and Масалковски, Иле (2023) Функционална анализа на Народниот правобранител во Република Северна Македонија. Project Report. IRIS, Struga.
Text
Монографија.docx Download (3MB) |
Abstract
Оваа истражувачка монографија, која што ја претставуваме пред стручната и пошироката јавност, е дел однаучно-истражувачкиот проект „Функционална анализа на Народниот правобранител во Република Северна Македонија.“
Народниот правобранител како самостојна и независна институција, која е од посебен интерес за остварувањето на правата на граѓаните, треба во континуитет и преку различни активности да учествува во заштитата на човековите права. Токму поради ваквата улогата која што ја има Народниот правобранител во заштитата на правата на човекот и согледаната потреба од приближување на оваа институцијата до граѓаните, произлезе и мотивот за создавање на оваа монографија.
Всушност, во овој документ во резимирана форма се презентирани резултатите од истражувањето на клучни теми поврзани со функционирањето на институцијата Народен правобранител, пред сè, во Република Северна Македонија.
Во подготвувањето на овој документ, ги користевме резултатите од нашето изворно истражување, вградувајќи ги во прашањата кои се обработуваат и досегашните достигнувања од конкретната област, како на национално, така и на меѓународно ниво.
Работејќи на оваа монографија постојано се поврзувавме со прашањето - како до поефикасен Народен правобранител, кој е лесно достапен и во корист на граѓаните, на коепрашање и се обидовме да дадеме одговор од различни аспекти. Во монографијава се сосредочивме на теми и прашања кои, според наша оцена, имаат, а и во блиска иднина ќе имаат најголема релевантност и истовремено претставуваат предизвик како за функционирањето на Народниот правобранител во Република Северна Македонија, така и за неговиот понатамошен развој, како ефикасна и ефективна институција во корист на граѓаните. Истовремено, опфаќајќи ги клучните проблеми и развојни перспективи на институцијата Народен правобранител, веруваме дека оваа монографија ќе поттикне и други продлабочени анализи за одделни прашања.
Уверени сме дека оваа истражувачка монографија ќе биде корисен документ како за стручната, така и за пошироката јавност, бидејќи третира прашања коишто се непосредно поврзани со остварувањето на човековите права во сите области на правото. Исто така, се надеваме дека оваа монографија, ќе им послужи и на креаторите на политиките и законските решенија во нашата држава, во насока на утврдување и надминување на проблемите кои ја следат институцијата Народен правобранител, првично од аспект на граѓаните, затоа што Народниот правобранител, треба да се развива како институција во која граѓаните полагаат надеж во однос на заштитата на нивните права загарантирани со Устав, закон и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Северна Македонија.
Авторите на ова издание искажуваат искрена благодарност кон почитуваните рецензенти проф. д-р Саша Дукоски и проф. д-р Ристе Речкоски за нивните конструктивни забелешки и добронамерни сугестии, кои придонесоа кон подобрување на квалитетот на оваа монографија.
Item Type: | Monograph (Project Report) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Pfk Eprints |
Date Deposited: | 31 Mar 2023 07:53 |
Last Modified: | 31 Mar 2023 07:53 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7887 |
Actions (login required)
View Item |