Андоновски, Мирослав and Zdravkoski, Igor (2016) СОРАБОТКАТА СО СТОПАНСТВОТО - МОЖНОСТ ЗА ПРОФИЛИРАЊЕ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ. In: XXII Skup TRENDOVI RAZVOJA NOVE TEHNOLOGIJE U NASTAVI, 16 - 19. 02. 2016, Zlatibor, Serbia.
Abstract
Кратка содржина: Откако постои Универзитетот, постои настојувањето на надлежните државни институции и универзитетските органи да се едуцира кадар кој со стекнатите знаења ќе може да одговори на барањата на работодавачите, дали од јавниот сектор или стопанството – сеедно. Во таа насока, донесени се многубројни законски решенија и нивни измени и дополнувања, а заради практична имплементација донесени се уште повеќе подзаконски акти и општи акти на ниво на Универзитет и факултети. Една од активностите за приближување на ставовите во поглед на профилот на едуцираниот кадар на универзитетите е воспоставувањето соработка со стопанството (што е предмет на овој труд) на кој начин се овозможува и профилирање на студиските програми со чие завршување би се продуцирал кадар кој одговара на потребите на стопанството. Појдовната основа за овие активности е Законот за високото образование во кој се предвидени одредби за задолжителна пракса на студентите што претставува услов за напредување во повисока студиска година, и клиничката настава што ја изведуваат истакнати стручњаци од практиката. Исто така, оваа сфера е предмет на уредување на законските одредби и одредбите од Правилникот за поблиските критериуми и надлежности на одборите за соработка и доверба со јавноста . Секако во оваа насока се и автономните активности на Универзитетот, а посебно неговите единици (во овој случај Економскиот факултет- Прилеп) што се превземаат заради продлабочување на соработката со стопанството што за цел има подобрување на профилот на студиските програми а кое нешто ќе резултира со кадар кој ќе одговори на потребите на реалниот сектор.
Клучни зборови: соработка, стопанство, студиски програми.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 21 Feb 2020 19:20 |
Last Modified: | 21 Feb 2020 19:20 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3247 |
Available Versions of this Item
-
СОРАБОТКАТА СО СТОПАНСТВОТО - МОЖНОСТ ЗА ПРОФИЛИРАЊЕ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ. (deposited 29 Jun 2016 10:07)
- СОРАБОТКАТА СО СТОПАНСТВОТО - МОЖНОСТ ЗА ПРОФИЛИРАЊЕ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ. (deposited 21 Feb 2020 19:20) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |