Поедноставено друштво со ограничена одговорност според македонското законодавство

Gjorgjioska, Emilija (2024) Поедноставено друштво со ограничена одговорност според македонското законодавство. Зборник на трудови на ДНУ Прилеп (36/37). pp. 37-48. ISSN 0352-3497

[thumbnail of поедноставена форма на ДОО ДНУ Прилеп кон.docx] Text
поедноставена форма на ДОО ДНУ Прилеп кон.docx - Published Version

Download (111kB)

Abstract

Во зависност од правата и обврските кои ги имаат или ќе ги имаат, основачите на трговските друштва слободно ја избираат формата на трговско друштво од законски предвидените форми на трговски друштва. Една од најчесто преферираните форма на
трговски друштва е друштвото со ограничена одговорност. Следејќи го трендот во компаративното право за овозможување на претприемачите да основаат трговски друштва со минимална основна главнина од 1 евро, Законот за трговските друштва во
2021 година беше дополнет со повеќе одредби за посебен подвид на друштво со ограничена одговорност - поедноставено друштво со ограничена одговорност. На овој начин за прв пат им беше овзможено на заинтересираните физички лица да основаат ПДОО со почетна основна главнина од 1 евро.
Во рамките на трудот ќе биде извршена анализа на законските одредби од македонскиот закон за основање на поедноставено друштво со ограничена одговорност. Ќе бидат анализирани и решенија од компаративното европско право, но и решенијата на земјите од Западен Балкан во однос на можноста да се основа друштво со ограничена одговорност со минимален почетен капитал.
Врз основа на достапните податоци од Централниот трговски регистар на РСМ ќе биде извршена анализа на бројот на регистрирани ПДОО во периодот од 2021 до јули 2023, нивната дистрибуција по сектори и дејности и дистрибуцијата на ПДОО по статистички реони. Во трудот ќе биде извршена анализа на потенцијалот, ризиците и придобивките од користењето на поедноставената форма на друштвото со ограничена
одговорност.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 03 Sep 2024 09:46
Last Modified: 03 Sep 2024 09:46
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10222

Actions (login required)

View Item View Item