Andrijasevikj, Ljuben (2024) КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА ОД АСПЕКТ НА МЕЃУНАРОДНОТО ТРГОВСКО ПРАВО. Unversity "St.Kliment Ohridski" - Bitola.
Text
Doktorski proekt-m-r Ljuben-Andrijasevikj.pdf - Published Version Download (372kB) |
Abstract
Билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Црна Гора се
негуваат на високо дипломатско ниво, кое опфаќа разни подрачја и сфери на
дејствување и соработка.
Токму една од тие области е составена од делови кои се уредени со прописите
кои го регулираат меѓународното трговско право, вклучително и со домашните
трговски норми,кои служат како алатка на двете држави, со кои се посветува
внимание на регулирањето на насловот кој го чини овој докторски проект.
Односно, интересот е поставeн на неколку конкретни прашања и цели на
истражување, кои се однесуваат на вршење стручна анализа за тоа во кои
меѓународни организации членуваат предметните земји, кои меѓународни договори
ги склучиле, во која мера е развиена трговската размена и соработка помеѓу нив, како
ги прикажуваат меѓусебните односи на своите граѓани, односно на јавноста, кои
закони се применуваат засебно во секоја од нивза решавање на трговските спорови,
така што истражувачкиот интерес се насочи и кон анализа на судска пракса за
решавање на трговски спорови не само помеѓу правни лица, туку и помеѓу физички и
правни лица, врз база на правосилни одлуки донесени на подрачјето на
Апелациониот суд во Битола.
Од истражувањето произлегува дека Северна Македонија и Црна Гора имаат
крајно коректни билатерални односи, потпишале повеќе меѓународни договори,
членки се на слични меѓународни организации и трговското т.е. стопанското
законодавство им е во голема мера исто така слично.
Целта во иднина е да се пристапи кон уште поголемо интензивирање и
подобрување на меѓусебната соработка, во која насока имаатвзаеменпозитивенстав и
препораки од државните претставници на двете држави.
Клучни зборови:Меѓународни организации, Меѓународни договори,
Билатерални односи, Трговска соработка и Закони.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Mr Mladen Karadzoski |
Date Deposited: | 07 Mar 2024 13:02 |
Last Modified: | 07 Mar 2024 13:02 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9771 |
Actions (login required)
View Item |