Sallauka, Ardian and Neshkovska, Silvana (2024) Стилските фигури во учебниците по англиски јазик за средно образование во Косово. University "St. Kliment Ohridski" - Bitola.
Text
Стилските фигури во учебниците по англиски јазик за средно образование во Косово.docx Download (69kB) |
Abstract
Во рамките на глобалниот контекст на образовните истражувања, ова истражување навлегува во сложениот пејзаж на стилските фигури во учебниците по англиски јазик за средното образование во Косово давајќи вредни сознанија за јазичното образование. Користејќи квалитативен пристап, истражувањето има за цел да ја разгледува употребата на фигуративниот говор во текстовите наменети за развивање на вештината читање со разбирање во учебниците, но и во другите активности и вежби насочени кон развивање на вештините слушање, зборување, пишување, и развивање на знаење за граматичките правила. Примерокот што се состои од учебници по англиски јазик е намерен и служи како корпус, а за анализа на податоците се употребува квалитативната анализа на содржина. Наодите ја нагласуваат сложеноста на улогата на фигуративниот говор во образовните материјали и поттикнуваат размислување за неговото влијание врз разбирањето и ангажираноста на учениците при изучувањето на англискиот јазик. Исто така, оваа студија ја нагласува и потребата за понатамошни истражувања на меѓукултурната применливост на фигуративниот говор, како и потребата од приспособување на педагошките стратегии кои се применуваат за совладување на стилските фигури за различни јазични и културни контексти. Препораките кои произлегуваат од ова истражување се во насока да информираат за можните подобрувања на практиката за јазично образование и развојот на наставната програма и наставните стратегии и придонесуваат за тековниот дијалог за ефективно јазично образование.
Клучни зборови: стилски фигури, учебници по англиски јазик, средно образование.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Silvana Neshkovska |
Date Deposited: | 07 Feb 2024 07:36 |
Last Modified: | 07 Feb 2024 07:36 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9733 |
Actions (login required)
View Item |