Жуничи, Али and Речкоски, Ристо (2024) “АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ВО КОСОВО”. UKLO-Bitola, UKLO-Bitola. (Submitted)
Text
АЛИ ЖУНИЧИ - DOCTORAL PROJECT.pdf - Accepted Version Download (245kB) |
Abstract
Здравствената политика претставува едно од клучните економски и политички
барања на сите земји во светот, кои се обидуваат да го организираат системот на
здравствена заштита на начин кој во дадените околности, најмногу придонесува за
продолжување на животот на населението, одржување на населението во добра
здравствена состојба и осигурано од финансискиот ризик поради плаќање на сметките за
лечење. Организирањето на здравствениот систем, меѓутоа, не е едноставна задача,
особено денес кога се зголемуваат предизвиците со кои се соочува неговото успешно
функционирање. Здравствениот систем во европските земји (а во тој контекст и во земјите
од Западниот Балкан), особено здравственото осигурување како еден од клучните
елементи на тој систем, покажува дека тој не е секаде организиран и имплементиран на
ист начин, туку дека секоја зема на планетата денес предвидува свои сопствени правила во
таа област.
Овој труд ја анализира правната легислатива на системот за здравствена заштита во
Република Косово и во некои од соседните земји (Македонија, Србија и Црна Гора).
Целта на ова истражување е да се утврдат сличностите и разликите кои постојат во
регулирањето на правната легислатива помеѓу Република Косово и останатите земји кои се
предмет на компаративна анализа на овој труд (Македониј, Србија и Црна Гора).
Клучни зборови: Здравствено осигурување, Правна регулатива, Анализа, Косово.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Tourism and Hospitality |
Depositing User: | Prof. d-r Risto Reckoski |
Date Deposited: | 27 Feb 2024 10:08 |
Last Modified: | 27 Feb 2024 10:08 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9730 |
Actions (login required)
View Item |