Jonoski, Liljana and Veljanovska, Svetlana (2023) ИЗВРШУВАЊЕТО НА ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА - КАКО СИСТЕМ НА ПРАВА И ОБВРСКИ ЗА СОЗДАВАЊЕ ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА СУДСКАТА ПРАКТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА. Правен дијалог, 1 (28). pp. 19-26. ISSN 1857-7644
Text
PravenDijalog'28.pdf Download (1MB) |
Abstract
Извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права претставува мошне комплексен процес. Овој процес вклучува бројни чинители инволвирани во самото извршување, или
во мониторингот на извршувањето, а тоа го усложнува спроведувањето на какви било мерки и
активности кои треба да доведат до ефикасно извршување на пресудите. Во изминативе години,
во извештаите на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија се апелираше на
конзистентност во судската практика, а се очекува тоа да придонесе кон подобрување на предвидливоста и правната сигурност, како суштински дел од принципот на владеење на правото.
Токму тоа е цел на овој труд, односно преку прегледот на задолжителноста за извршување на
пресудите од Европскиот суд за човекови права да се укаже на можноста за создавање постојан
и одржлив развој на конзистентноста на судската практика и пренесување на знаењата - конкретно во делот на заштитата на човековите права. На долг рок, ефикасната имплементација
на пресудите треба да придонесе кон градење и развивање култура на доследно почитување на
меѓународно преземените обврски на државава, коешто пак треба да спречи натамошно нарушување на нејзиниот меѓународен углед, преку често изрекување нови, неповолни пресуди во
кои таа би била изложена на јавна осуда за сторената повреда на минималните човекови права
кои ги гарантира Европската конвенција за човекови права.
Клучни зборови: човекови права, пресуди, Европски суд за човекови права, извршување, надзор
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Prof. d-r. Svetlana Veljanoska |
Date Deposited: | 03 Jan 2024 12:30 |
Last Modified: | 03 Jan 2024 12:30 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9535 |
Actions (login required)
View Item |