ВОДОПАДИТЕ НА МИРУШЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО KОСОВО

Sogojeva, Hysen (2017) ВОДОПАДИТЕ НА МИРУШЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО KОСОВО. Doctoral thesis, University "St.Kliment Ohridski" - Bitola.

[thumbnail of Hysen Sogojeva.pdf] Text
Hysen Sogojeva.pdf

Download (6MB)

Abstract

Во просторот во кој живее, човекот е секогаш заинтересиран што подобро да го запознаe и да го претстави на најобјективен начин. Што подобро го запознава, толку повеќе сака да го подобри, уреди и заштити.
Постојат голем број трудови за водопадите на Мируше од општи географски социоекономски, демографски и туристички аспекти. Со ова истражување мислам дека ќе се даде скромен придонес во признавањето на одредени видови на социо-географскиот развој на населбите во регионот, времето што ги создаде проблемите од политичко-економски природа, туристичката валоризација и достигнувањата на ова место. Целта на овој труд се состои во презентирањето на моменталната состојба на водопадите, географската позиција, геолошките, климатските, хидрографските аспекти, населението, движењето на населението, миграцијата, населбите, нивната трансформација и економскиот развој во последните години, особено природното културното и историското наследство и туристичките вредности што ги поседува овој регион.
Затоа, овој труд може да биде доста интересен и атрактивен и за други области, особено за одредени демографски, економски социо-политички и туристички аспекти за следните истражувања. Сепак, интензитетот на влијанието на овие фактори или елементи не е секогаш ист во различни временски периоди. Секој општествен фактор или природен
елемент не може да го има истиот интензитет на влијание врз една појава или процес на општествениот живот во исто време и простор. Ние сме фокусирани во класификацијата на
заштитените подрачја, декларацијата на ОН на конференцијата во Стокхолм која се занимава со критериумите за утврдување на степенот за заштита на просторот на
водопадите на Мируше. Направено е туристичко валоризација на водопадите на Мируше, анализа за постигнување на нивото на туристичката експлоатација на Водопадите во Мируше, анализа на туристичкото истражување на пазарот, анализа и предвидување на одредени сегменти на истражувањето, викенд истражувања, концептот на општиот развој на
туризмот и програмата за понудата на туристичките капацитети.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Doctoral Dissertations
Depositing User: M-r Bojan Mihajlovski
Date Deposited: 30 Oct 2023 08:50
Last Modified: 30 Oct 2023 08:50
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8905

Actions (login required)

View Item View Item