Labovic, Miodrag (2022) СИСТЕМСКО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО против СИСТЕМСКАТА КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ – Нови епистемолошки димензии и практични консеквенции од конкретните предлог- решенија на стратешката визија за длабоки структурни реформи во клучните општествени системи и нивните потсистеми, со цел за значително подобрување на владеењето на правото во Република Македонија - второ изменето и дополнето издание од проф. др. Миодраг Лабовиќ. Art Print Studio, Skopje. (Unpublished)
Text
UCEBNIK SVPpr SK i OK KORICI komplet 2022 (2).pdf Download (4MB) |
Abstract
Универзитетскиот учебник, според рецензентите проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и проф. д-р Угљеша Звекиќ, воедно претставува и научна студија, насловена “СИСТЕМСКО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО против СИСТЕМСКАТА КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ – Нови епистемолошки димензии и практични консеквенции од конкретните предлог- решенија на стратешката визија за длабоки структурни реформи во клучните општествени системи и нивните потсистеми, со цел за значително подобрување на владеењето на правото во Република Македонија“. Во првите два дела од оваа научна студија научно се објаснети етиологијата и феноменологијата на корупцијата и организираниот криминал. Во овие два дела до израз доаѓаат освен стандардните дидактички и стручно-научни функции и посебно значајните екстра иманентни научни функции и цели, како што се: научното објаснување наспроти стручната дескрипција, научното откривање и научната прогноза. Во таа смисла експлицирани се новите научно-теоретски концепти за системско-ендемската корупција, која суштински се разликува од поимите на најреферентните автори во светот. Исто така, во вториот дел експлицирани се два оригинални научни концепти за два нови типа на институционален и институционализиран организиран криминал, во кои корупцијата не е само највисокиот облик на организиран кримионал, ниту е само еден од неговите методи, како што е тоа претставено кај нареферентните светски автори од оваа област, туку корупцијата туке е експлицирана како највисок тип на неконвенционален организиран криминал и негова највисока развојна фаза во која доаѓа до парадоксот на правната држава. Овие се двата нови научни концепти во светски рамки за коишто авторот доби досега највисока научна награда за анти-корупција во светски рамки во организација и поддрршка на УНОДЦ-Виена. Во третиот дел од учебникот, до израз доаѓа нормативното предвидување и практично-применливата функција и цел на науката, каде што за секое позначајно прашање се предвидени по неколку алтернативно дадени конкретни предлог решенија во склоп на единствента стратепка визија предвидена во главната теза. Жалосна е интелектуалната сатисфакција од остварување на моите научни предвидувања, дека ако не се препознаат интелектуално, не се усвојат правно и не се спроведат практично - главната теза и неколкуте помошни тези на научниот концепт развиен во оваа научна студија за потребата од длабоки структурни реформи во клучните системи и нивните потсистеми во македонското општество –тогаш партиската номенклатура на еден хибриден режим ќе биде заменета со друга партиска номенклатура на друг хибриден режим, без оглед на фактот што помеѓу нив има симболични разлики во нијанси. Имено, проблемите доаѓаат кога амбициите и ветувањата се преголеми, а капацитетите преслаби. На Македонија и беше и се уште и е од било кога порано потребен квалитативен скок од неколку нивоа, за да се приближиме кон функционалните општества во Европа и светот. Сигурно дека ниту со најдобрите научни концепции и реформи изведени врз база на нив, никогаш нема да биде идеално. Секако дека, науката во овој момент не може ниту да го промени глобално светот. Но, верувајте дека има решенија со кои може да биде значително многу подобро во Македонија, од ова што го имаме за последните 31 година. Моите напори засега не вродија со целосни плодови. Останува да се направат потребните длабоки структурни резови, без кои Македонија, во најдобар случај, еволутивно ќе се развива во наредните 100 години со неизвесен тек на развојот на настаните. Наспроти неизвесниот еволутивен развој, примената на уникатниот систем предвиден во оваа научна студија, гарантира дека Македонија за 4-5 години, во најлош случај после првиот трансфер на власта (после онаа власт што прва ќе го примени системот), со решавањето на основиот предуслов за развој - системско владеење на правото - ќе отвори пат за побрз економски раст и развој во сите други сфери на општествениот живот, вклучително и побрз развој на свеста кај политичарите и воопшто луѓето во Македонија, како резултат на повратното влијание што уникатниот систем ќе го има врз развојот на свеста, која, инаку, многу тешко и многу спрно се менува еволутивно. Со примената на предвидениот уникатен систем, Македонија многу извесно може да се искачи за најмалку 40- тина места на ранг листата на CPI на TI, притоа, не мерејќи од најлошото 111-то место или 87-то место, туку, од најниското досега 64 место, а тоа значи да бидеме во друштво помеѓу 20 – 30 - те најмалку корумпирани и функционални држави во светот. Ако е тоа така, а така е, тогаш, пак нека нема влада во Македонија со “три пара“ мудра државничка храброст и визија да спроведе барем 70-80 % од главните тези и решенија во оваа научна студија. Мене лично не ми останува ништо друго, освен да опстојам во непоколебливата верба дека вистинските научни идеи се безвременски и надпросторни, што ќе рече, бессмртни. Следствено на тоа, нужно е еден ден да се појави една вистинска личност, да формира вистинска влада, која ќе има интелектуален, морален и духовен капацитет да направи вистински исчекор напред за својот народ и држава. Во прилозите на крајот од научната студија дадени се линковите каде може да ги најдете автентично прикажаните интегрални текстови на два значајни документа: неотповикливата оставка (вкупно петта по ред досега во мојата професионална кариера) од член на Советот за стратегија на реформите во правосудството, која беше последица на неприфаќањето на мојот предлог - Системско-стратешкиот пристап за единствен концепциски поглед (визија) за предвидување нови и ревидирање на некои од стратешките насоки во стратегијата за реформи на правосудството (2017-2022), кој што, патем речено, беше даден бесплатно. Што се однесува до вториов документ, должен сум да напоменам дека присутните разлики во однос на некои од посочените законски одредби, како и некои минимални разлики во предлог-решенијата во овој документ и самиот текст од учебникот, се должат на две работи: прво, овој документ беше поднесуван на неколку последователни седници на советот, далеку пред последната XIII-та седница на советот, одржана на 20. 09. 2019 година, кога успеав со грдни маки да го протнам овој документ да биде посебна точка на дневен ред, иако не успеав да биде единствена, како што беше договорено и како што, впрочем, заслужува овој документ според обемот, сложеноста и значењето на содржината. Второ, во меѓувреме, иако беше тешко да се следат и правовремено да се ажурираат честите измени на многуте работни верзии на предлог - законите, кои доаѓаа од разни страни, се трудев колку можев да не го испуштам коракот со нив. И покрај тоа, сите тие разни верзии на измени и дополнувања на предлог законите, па и на предлог текстовите за новите закони во тоа време, кои морам да кажам дека не беа од најбитна, најсуштествена природа, не придонесоа толку за овие минимални разлики во нијанси помеѓу текстот на учебникот и текстот на документот, колку што природно придонесе временската дистанца, од две и пол години, кога е пишувано второто изменето и дополнето издание на овој учебник. Тоа е така, затоа што, во последните две и пол години се случија измени и дополнувања на повеќе закони со изменета содржина од онаа што беше предмет на разгледување на советот во времето кога јас бев член на тоа тело. Она што е најважното – без оглед на сите тие промени, суштината на главната теза (идеја) не е воопшто променета, ниту во претходното прво издание на учебникот, ниту сега во второто издание, ниту во документот поднесен пред Советот за реформи во правосудството. Впрочем, таа во континуитет, со нормалните развојни еволуирања, константно провејува низ изминативе 21 години на мојата научно-истражувачка работа, кога почнав освен практично, како непосреднен оперативец на терен, да се занимавам и научно со овие теми. Педантните читатели кои имаат упорност да читаат и истражуваат до крај, сигурно ќе приметат дека без оглед на фактот што предлозите за стратешки насоки, кои имплицираат уставни измени за длабоки структурни промени не беа прифатени, некои мои предлози, кои делумно се содржани во документот, а некои во моите усмени излагања кои се нотирани во записниците од седниците на Советот за реформи на правосудството, “фатија корен“ и најдоа свое место во најновите законски одредби на законите од правосудството, исто, како што врз основа на моите научни предлози од 2003 година, беа усвоени уставните амандмани за Сускиот сиовет и Советот за јавни обвинители, во тоа време како новини, кои целосно формално правно се осамостоија од извршната и законодавната власт, иако претстојат сеуште реформи за нивно не само de jure,, туку и de facto еманципирање од сеуште доминантната власт. Така на пример, и со овој најнов мој предлог од 2019 г, често посочуваната, од моја страна, стратешка празнина дека членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители до неодамна не одговараа пред никого, сега иако со половични решенија, сепак, можат да бидат повикани на некаква одговорност. Понатаму, судиите можеа да се жалат против одлуките на Судски совет и обвинителите против одлуките на Совет на ЈО, само кога беше во прашање нивно разрешување. Сега судиите можат да се жалат и против други одлуки на Советот, вклучително и кога се незадоволни од одлуките за оценување што влијае на одлуките за нивниот избор односно унапредување. Спротивно на стратешката насока дадена во Стретегијата (2017-2022), Извештајот на Експертската група на Прибе од 2017 година и Венецијанската комисија, дека членовите на Судски совет не треба да бидат целосно професионализирани во вршењето на функцијата, туку треба паралелно да продолжат со вршење на нивната судиска функција (членовите од редот на судиите), аргументирано образложував дека заради можниот судир на интереси и неопходната дистанца при одлучувањето, посилни се предностите - функцијата да биде професионална, наспроти слабостите на ова решение – “губењето на формата“ за вршење на судиската функција и небитната можност за одалечување на членовите на Судскиот совет од нивните колеги судии. Моето долгогодишно инсистирање за уставни измени со кои министерот за правда и претседателот на Врховниот суд не треба да бидат воопшто членови на судскиот совет, не се прифати заради незаинтересираноста за уставни измени во областа на правосудниот и политичкиот систем. Но, се случија измени во законските одредби, така што овие членови по функција учествуваат на седниците и немаат право на глас воопшто, а кога се расправа за избор или разрешување на судија или претседател на суд не учествуваат на седниците на советот. Делумни поместувња на тој план имаше и кај Законот за измени и дополнувања на Законот за советот на јавните обвинители, со тоа што министерот за правда не е повеќе член на советот, но остана член по функција Јавниот обвинител на РМ, итн. Сепак, и покрај тоа што овие предлог решенија се усвоени, а некои веќе одамна опстојуваат во нашиот правен систем, сето тоа е премалку за да заклучиме дека реформите се целосно, квалитативно заокружрни. Како и да е, веќе неколкуте осамени, парцијално истргнати од системскиот контекст, постоечки нормативно-институционални решенија покажуваат дека апсолутно не се работи за утописки решенија, туку за реално одржливи и практично спроведливи решенија , кои во нивната целовита кохерентност и коммплементарност, досега немаше кој да ги усвои и спроведе во дело. Затоа, почитуван читателу, земајќи ја оваа книга отворена пред себе, веќе придонесуваш кон развивањето на свеста за неопходните длабоки структурни промени во клучните системи на Македонија. Твојот придонес директно или индиректно ќе се огледа во создавањето на толку неопходната критична маса за вршење притисок врз сите политички партии кои го бараат Твојот ценет глас - со силата на аргументите да се присилат политичарите да не си играат веќе “реформички“, туку ако се нафатиле да бидат политичари или уште повеќе државници, да бидат достојни на таа нивна мисија и наместо во ѓубриштето на историјата да влезат во аналите на својот народ и држава. Со отварањето и читањето на оваа книга придонесуваш и кон развојот на науката за добробита и напредокот на човештвото во целина. Учебникот и научната студија се целосно финансирани од сопствени средства на авторот. Притоа, дожен сум да ја известам јавноста дека ниту една амбасада во Македонија, Делегацијата на ЕУ, ОБСЕ, УНДП, УНОДЦ и сите други фондации, кои инаку издашно даваат огромни суми на финансиски средства на НВО - тинк-тенк организациите, чија хартија на кои им се напишани проектите, најодговорно тврдам дека вреди повеќе од идеите за решавање на овие најголеми проблеми од кои зависи развојот на економијата и сите други сфери на јавниот живот во нашата Македонија, неколку пати по ред одбиваат да разговараат , а комоли финаниски и на секоков друг начин морално да го поддржат овој научен проект. За причините, како и зошто на таков непродуктивен начин ги трошат парите на нивните даночни обврзници овде во Македонија, во оваа прилика нема да навлегувам. Се извинувам однапред ако на некој ова му се чини премногу дрско и арогантно, но работите се веќе дојдени дотаму да не може и не смее да се премолчува суровата вистина. Можеби ваквото мое обраќање ќе го разбуди достоинството и срамот кај некој од заинтересираните страни, па некој од експертите од НВО или т.н. “независни“ експерти ќе се одважи да излезе јавно наспроти мене ( а не кукавички во некоја ТВ “празна“ дебата, без мое присуство да зборува за тоа за што можеби и не е компeтентен ), па така во една академска рационална конфронтација на аргументи засновани на логичките принципи на аргументација и поврзани со неспорни емпириски и правни факти можеби ќе ги побие овие мои тврдења и ќе ме натера засрамен од моето незнаење, да ја прифатам некоја (нечија) друга најоптимална научна концепција за системско-стратешки пристап на реформите во круцијалните системи во Македонија, со целото мое срце, душа и ум, со единствената цел за напредок и добробит на Македонија и човештвото во целина. Авторот Професор д-р Миодраг Лабовиќ
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Security |
Depositing User: | Prof. d-r Miodrag Labovic |
Date Deposited: | 14 Sep 2023 13:25 |
Last Modified: | 14 Sep 2023 13:25 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8818 |
Actions (login required)
View Item |