ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР ВО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Иванов, Александар (2011) ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР ВО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. Masters thesis, Факултет за безбедност- Скопје.

[thumbnail of I_MAGISTERSKA_2003_ФИНАЛНА_17.05.2011.pdf] Text
I_MAGISTERSKA_2003_ФИНАЛНА_17.05.2011.pdf

Download (3MB)

Abstract

Спроведувањето на власта во државата подразбира целосен и структурен систем на управување, а еден од елементите на управувањето претстaвува и процесот на контрола и надзор. Регулаторната функција во насока на одредување на заштитените вредности во државата ја извршува државата, и истата има развиен механизам за контрола и надзор. Заштитата на животната средина е императив на глобалните, регионалните, а оттука и на државните активности. Овој труд ја објаснува операционализацијата на заштитата во конкретни
контролни механизми, отварајќи дел од прашањата на меѓународно ниво (ООН и ЕУ), дел на национално ниво објаснувајќи ги институционалните механизми при остварување на контролата на заштитата на животната средина (Македонија,
Србија, Хрватска, Словенија). Објаснувајќи ги контролно – надзорните механизми на државата, а особено инспекциските контролни овластувања, трудот презентира и емпириски податоци од истражувањето на ставовите на Инспекторите за животна средина во Македонија, емпириски податоци добиени
преку анализа на содржина на објавените статистички евиденции кои ги водат надлежните власти во Македонија. Животната средина е објаснета отварајќи повеќе теоретски прашања, а особено прашањата за поимовното определување,
еколошката безбедност и еколошкиот како специфичен тип на криминал. Во однос на контролата, трудот ја позиционира и управата во политичкиот и правниот систем на државата, а посебно позиционираноста на управата во политичкиот и правниот систем на Република Македонија, со утврдување на
нејзината функција, надлежности и авторитативна природа на управните дејства. Трудот го објаснува и инспекцискиот надзор, посебно инспекцискиот надзор во животната средина, а детално на ниво на спроведување на истиот во Македонија
од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Ms. Olivera Trajanova
Date Deposited: 10 Jul 2023 19:52
Last Modified: 10 Jul 2023 19:52
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8616

Actions (login required)

View Item View Item