ВОДИЧ ЗА БУЏЕТСКИ ПРОЦЕС НА ЛОКАЛНО НИВО: ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО

Ilik, Goran and Tosheva, Elizabeta and Susak, Ivona (2020) ВОДИЧ ЗА БУЏЕТСКИ ПРОЦЕС НА ЛОКАЛНО НИВО: ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО. Manual. Сојуз на здруженија за рурален развој МРЕЖА НА ЛАГОВИ.

This is the latest version of this item.

[thumbnail of V.pdf] Text
V.pdf

Download (2MB)

Abstract

Во центарот на демократијата се наоѓа добро информиран граѓанин, кој своите одлуки и ставови ги заснова на знаењето кое тој или таа може да го добие преку различни извори. Секој од тие граѓани очекува квалитетен живот, а таквиот квалитет најчесто се темели на финансиска стабилност и сигурност, која очекува дека ќе му биде обезбедена од страна на креаторите на политики, на кои истите им го даваат својот глас и од кои очекуваат домаќински да раководат со нивните пари.

Транспарентноста и достапноста на информации за локалните буџетски приходи и расходи (документи), како и отчетноста на локалните власти за нивните активности и постапки се од клучно значење за граѓаните.Имајќи ги предвид ограниченото знаење на граѓаните за буџетскиот процес, како и многу често недостапноста на определени информации/документи кои ги засегаат истите, постои потреба за наоѓање на нови начини за подобрување и вклучување на сите засегнати страни.

Фискалната транспарентност претставува прозорец преку кој граѓаните може да ѕирнат како властите ги трошат народните пари, а доколку не ги трошат правилно да ги повикаат на одговорност.Од фискалната транспарентност, токму затоа, најголем бенифит имаат граѓаните на кои им се обезбедуваат информации со кои тие може да побараат сметка за тоа како се трошат парите што ги одделуваат од својот џеб.

Ниското ниво на транспарентност на буџетските процеси во локалната самоуправа и недоволно развиената свесност за граѓанска контрола врз трошењето на јавните пари ја прави очигледна потребата од нови и ефективни средства за поголемо учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки во ЕЛС од една страна и механизми за поттикнување на ЕЛС транспарентно и отчетно да ги реализираат нивните агенди.
Процесот на партиципативно буџетирање оди чекор понапред и им дава на граѓаните можност за нивно учество како активни чинители во буџетскиот процес на локално ниво.
Oвој Водич на наједноставен и најдостапен начин ги разјаснува основните аспекти на буџетот на секоја единица на локална самоуправа – општина, на начин што создава претпоставки граѓаните да можат да се вклучат во буџетскиот процес на локално ниво.Оттука, тој ќе служи какоресурс кој ќе им овозможи на граѓаните подобро да ја разберат буџетската транспарентност како клучен елемент за зголемување на отчетноста од страна на креаторите на политиките и подобрувањето на буџетските политики.

Item Type: Monograph (Manual)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Social and economic geography
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Prof. dr. Goran Ilik
Date Deposited: 07 May 2023 22:26
Last Modified: 07 May 2023 22:26
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8282

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item