KEKENOVSKI, JOVE (2008) Глобализацијата и идејата за Нов светски поредок како општествени феномени на XX и XXI век. INTERNATIONAL CONFERENCE University American College Skopje, 1.
Text
Trud Globalizacija i NSP fenomeni na 21 vek.docx Download (62kB) |
Abstract
Апстракт
Во историјата на човештвото идеите за универзалност на светот не се непознати и такви размисли се јавувале во главите на творците на моќните империи и држави, во јудео-христијанската цивилизација, во религиозно-идејните движења, во мисијата на католичката црква за еден свет обединет преку верата и зацврстен со авторитетот на Папата, како и во освојувачките походи на Наполен Бонапарта инспирирани од идејата за бришење на границите во Европа и Северна Африка. Обидите за имплементирање на идеите за универзалност на светот особено посебно се актуелни во текот на XX и XXI век. Прв таков обид е направен со одржување на Версајската мировна конференција на 28 април 1919 година со прифаќање на нацрт - Пактот за формирање на Лигата на народите. По Втората светска војна вакви обиди ги согледуваме во настојувањето на членките на антихитлеровската коалиција која настојува да воспостави еден нов систем на меѓународни односи заснован на демократски и хуманистички постулати. Членките на оваа коалиција сметале дека со нововопоставениот систем на односи би се спречило во иднина да се појават нови војни и конфликти помеѓу државите во светот и би се содале услови за просперитет на целиот свет и затоа овие идеи и заложби набрзо се конкретизираат со создавање на ООН во 1945 година. Подоцна овие идеи се реализираат и на европскиот континент најнапред со создавање на Европската заедница за јаглен и челик, Евроатом, Европската економска заедница а денес тие идеи се видливи и мошне впечатливи со создавањето и постојаното проширување на Европската Унија.
Во најширока смисла на зборот под поимот глобализацијата се подразбира свет без конфликти, без спротивставени интереси, идеално безбеден, во кој сите луѓе и народи ќе бидат слободни да одлучуваат за својата иднина и судбина, за односите со другите народи. Тој идеален свет го исклучува секој облик на дискриминација по национална, верска или расна основа, го оневозможува секој облик на експлоатација, понижување и нетрпеливост. Идеалниот свет треба да им овозможи на сите луѓе и народи да им бидат достапни современите текови и достигање на науката, културата и другите видови на човечко творештво. Urlich Beck како и голем број теоретичари а и досегашната искуство, на глобализацијата гледаат како на идеологија на светскиот пазар или како идеологија на неолиберализмот. И доколку голбализацијата се прифати како неолибеларизам тогаш нејзиниот интерес е да ја сруши и демонтира структурата на националните држави. Дали истата оваа цел не е и заложба на теоријата на светски заговор чија основа е тврдењето дека со светот управува една мала група на најбогати и највлијателни личности во светот која за да ги замаскира своите цели ја употребува синтагмата ,,Нов светски поредок”.
Дали на прагот на 21 век можат да се оправдаат заложбите и целите на првичната идеја на поимот глобализација и синтагмата Нов светски поредок или доаѓа до драстично видоизменување на првичната идеја и цел останува тоа да ни го покажат наредните редови во овој текст како и иднината.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science |
Divisions: | Faculty of Tourism and Hospitality |
Depositing User: | Prof. d-r Jove Kekenovski |
Date Deposited: | 28 Apr 2023 07:33 |
Last Modified: | 28 Apr 2023 07:33 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8204 |
Actions (login required)
View Item |