Nikoloski, Dimitar (2023) Како котира Македонија во однос на Европскиот столб на социјални права? rabotnik.com.mk.
Text
како-котира-македонија-во-однос-на-евр/index.html Download (129kB) |
Abstract
Слично како и останатите земји од Западен Балкан, РС Македонија се соочува со високи стапки на ризик од сиромаштија и социјална исклученост. Социјалната исклученост претставува голем товар за општеството бидејќи генерира директни трошоци за системот за социјална заштита, како и индиректни трошоци кои се однесуваат на справување со социо-економската патологија, карактеристична за ранливите социјални сегменти. И покрај оваа состојба на изразена социјална исклученост, владиното трошење за социјална заштита, поддршката за невработените, образованието и здравствената заштита е на релативно ниско ниво споредено со просекот на ЕУ. Според тоа, реформите на системот за социјална заштита и политиките за вработеност остануваат меѓу врвните приоритети на социјалната агенда, особено во контекст на отпочнатиот процес за пристапување кон ЕУ. Процесот на пост-пандемиско закрепнување придружен со намалување на трошењата за социјални услуги, наметнуваат потреба за подобрување на нивната ефикасност и ефективност.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Efp Eprints |
Date Deposited: | 13 Apr 2023 06:58 |
Last Modified: | 13 Apr 2023 06:58 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7985 |
Actions (login required)
View Item |