УПОТРЕБАТА НА ФРАЗЕОЛОШКИТЕ ИЗРАЗИ ВО НАСТАВАТА THE USAGE OF THE PHRASEOLOGICAL EXPRESSIONS IN TEACHING

Janusheva, Violeta and Zulumovska, Natasha (2022) УПОТРЕБАТА НА ФРАЗЕОЛОШКИТЕ ИЗРАЗИ ВО НАСТАВАТА THE USAGE OF THE PHRASEOLOGICAL EXPRESSIONS IN TEACHING. PALIMPSEST: International Journal for Linguistics, Literary and Cultural Research, 7 (14). pp. 203-213. ISSN 2545-3998

[thumbnail of 5572-Article Text-9692-2-10-20230225.pdf] Text
5572-Article Text-9692-2-10-20230225.pdf

Download (5MB)

Abstract

Зголемената употреба на разговорните елементи во стилови што треба да ја претставуваат официјалната комуникација е основа за испитување на јазикот што го употребуваат наставниците во текот на наставниот час имајќи ги предвид фразеолошките изрази (ФИ). Оваа појава досега не е истражувана, па трудот има за цел да одговори на едно истражувачко прашање: Каков јазик употребуваат наставниците во текот на часот во однос на ФИ? Примерокот го претставуваат 40 набљудувани часови по различни предмети што се реализирани од 15 наставници над 30-годишна возраст и анкетен прашалник со две отворени прашања кои се однесуваат на нивните перцепции за сопствениот јазичен израз во текот на наставниот час, во однос на стандарднојазичната норма и ФИ. Анализата ги опфаќа кодирањето на анкетните прашалници и општиот квалитативен интерпретативно-индукциски пристап. Резултатите покажуваат дека наставниците употребуваат ФИ во текот на наставниот час, и тоа во ситуации што се поврзани со однесувањето на учениците, но не се забележува објаснување на одреден поим или проблем од наставната единица со ФИ. Податоците од анкетата, пак, укажуваат на несвесната употреба на ФИ и на потребата од негување и унапредување на стандарднојазичната норма, но и на нивната свесна употреба, првенствено како средства за „полесно усвојување на пораката што ja пренесува наставникот“. Оттука, ова истражување е поттик за натамошни истражувања на оваа појава што може да дадат поцелосна слика за јазикот што го употребува наставникот во наставата.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Prof. d-r Violeta Januseva
Date Deposited: 25 Feb 2023 17:27
Last Modified: 20 Apr 2023 05:31
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7739

Actions (login required)

View Item View Item