Ivanovski, Jonche and Nikolov, Trajce (2020) ПРИМЕНА НА ОДБРАНБЕНИ ТЕХНИКИ ВО СИСТЕМОТ НА ОБУКА КАЈ КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ. 2671, LXI (4). pp. 5-22. ISSN 2671-3764
Full text not available from this repository.Abstract
Процесот на едукација на полициските кадри во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи се заснова на Програма која ги задоволува критериумите за квалитет на национално и меѓународно ниво. Оваа Програма нуди нови аспекти во полициската едукација кои се ориентирани кон суштински активности и компетенции поврзани со развој на знаења и вештини
во образовната институција и нивна практична имплементација во
професионалната средина. Физичката обука којашто е составен дел на оваа
Програма, има за цел да овозможи планско и систематско развивање на специфични знаења и способности кај полициските кандидати за примена на одбранбените техники во специфични безбедносни околности. Поради тоа, во трудот целта беше да се утврди оспособеноста и нивото на знаења кое
кандидатите успеваат да го постигнат за практична примена на одбранбените техники во текот на едногодишната обука, како и да се процени нивната
применливост во реални услови на полициско постапување. За да се добијат конкретни сознанија за повратните ефекти кои ги предизвикува физичката обука, со примена на посебна методолошка постапка е извршено оценување на
тестовите за мерење на компетенции по одбранбени тестови во првиот, вториот и третиот наставен модул кај вкупно 455 кандидати за полициски службеници.
По спроведување на сите статистички анализи и постапки е утврдено дека
тестираниот модел за физичка обука овозможува кандидатите за полициски службеници да стекнат завиден степен на знаења и вештини за примена на одбранбени техники, но, сепак, кај еден мал број на кандидати едукативниот услов не е исполнет, па затоа од нивна страна не може да се очекува како идни полициски службеници ефикасно да одговорат на безбедносните предизвици
во кои е неопходна употреба на средствата за присилба.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Security |
Depositing User: | Ms. Olivera Trajanova |
Date Deposited: | 12 Jan 2023 10:59 |
Last Modified: | 12 Jan 2023 10:59 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7567 |
Actions (login required)
View Item |