ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА И COVID-19 КРИЗАТА ВО ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Арнаудов, Климент and Miloshoska, Danijela (2022) ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА И COVID-19 КРИЗАТА ВО ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ГОДИШЕН ЗБОРНИКНАФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА, 2. ISSN 2671-3969

[thumbnail of 3.-1.pdf] Text
3.-1.pdf

Download (735kB)
[thumbnail of 3.-1.pdf] Text
3.-1.pdf - Published Version

Download (735kB)

Abstract

АпстрактСветот се соочува со COVID-19 пандемијата која покрај тоа што се одрази врз здравствената состојба на многу луѓе предизвика и кризна состојба во многу економски сектори. Кризата веќе се претвори во шок врз економијата и пазарите на трудот, при што влијае не само на производството на стоки и услуги, туку и на потрошувачката и инвестициите. Сите компании се соочуваат со сериозни предизвици, особено оние во воздухопловната, туристичката и угостителската индустрија, со реална закана од значителен пад на приходите, загуба на работни места и згаснување на бизнисот. По забраните за патувања, затворањето на границите и карантинските мерки, многу работници не можат да стигнат до своето работно место или да ја вршат својата работа, што има домино-ефект врз приходите. Затоа се јавува потребата од низа мерки на политиките на национално и глобално ниво со кои ќе се ограничат директните влијанија на COVID -19 врз здравјето на работниците и нивните семејства, а истовремено и за да се ублажат индиректните економски последици. Чекорите на владите во секоја земја треба да бидат насочени кон закрепнување од првичните ефекти што ги предизвика кризата, односно кон интервенција на најранливите категории на граѓани од една страна, како и стимулација на економијата и санирање на штетите кон бизнис секторот од друга страна. Во овој труд фокусот ќе биде ставен на мерките и правните одредби за одржување минимално ниво на економска активност на туристичките и угостителски претпријатија во Република Македонија, за заштита на работниците вотуристичкиот сектор и ублажување на негативните последици од кризата во туристичкиот сектор.Клучни зборови: COVID-19 криза, туристички сектор, легислатива, COVID-19 протоколи, „Safety Travel Stamp“ сертификат

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r. Danijela Miloshoska
Date Deposited: 30 Dec 2022 08:55
Last Modified: 05 Jul 2023 11:18
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7489

Actions (login required)

View Item View Item