Veljanovska, Svetlana (2022) МЕЃУНАРОДНОТО ХУМАНИТАРНО ПРАВО НАСПРОТИ МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА. ПРАВЕН ДИЈАЛОГ, / (26). pp. 21-28. ISSN ISSN: 1857-7644
Text
pravendijalog26.pdf - Published Version Download (921kB) |
Abstract
Меѓународното хуманитарно право е систем на правила воспоставени со договори или обичаи
кои, пред сé, се наменети за решавање на хуманитарни проблеми кои настануваат во меѓународните и друг вид немеѓународни вооружени судири и од хуманитарен аспект ја ограничуваат
слободата на страните во судирот при употреба на методите и средствата за војување.
Главна цел на меѓународното хуманитарно право (МХП) е да го заштити поединецот, но таа
заштита, пред сé, се појавува како последица на однесувањето на државата кон поединецот, а
не на заштита на поединецот од аспект на поединечните човекови права. Меѓународното право
за човекови права (МПЧП) се применува во сите ситуации, но факт е дека најголем дел од нив
можат да се дерогираат, освен во ситуации кога е загрозен опстанокот на нацијата. МПЧП е
кодифицирано во бројни универзални и регионални инструменти, во задолжителни и незадолжителни акти, во документи кои се однесуваат на имплементацијата на конкретно право или на
целокупната имплементација на чивековите права.
Цел на овој труд е да го согледа и да го разработи меѓусебниот однос на МХП и МПЧП и нивната имплементација во меѓународните односи, а дел од трудов се однесува и на меѓународните
организации кои се грижат за нивното почитување
Клучни зборови: меѓународно право, хуманитарно право, човекови права.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Prof. d-r. Svetlana Veljanoska |
Date Deposited: | 03 Mar 2023 08:59 |
Last Modified: | 03 Mar 2023 08:59 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7485 |
Actions (login required)
View Item |