Rajkovcevski, Rade and Mirceva, Stojanka and Gogov, Bogdanco (2016) ПРЕПОРАКИ за Градот Скопје произлезени од проектот АХЕЛУС и од спроведувањето на вежбата „ВАРДАР 2015“ за справување со поплави во урбана зона на територијата на градот [RECOMMENDATIONS for the City of Skopje Derived from the ACHELOUS Project and the Implementation of the Exercise "VARDAR 2015" for Dealing with Floods in an Urban Zone on the Territory of the City]. Technical Report. City of Skopje, Skopje, Macedonia. (Unpublished)
Text
ACHELOUS - Preporaki za Grad Skopje v.5.pdf - Published Version Download (970kB) |
|
Text
Operativna mapa 21.4.2015 ENG.pdf - Published Version Download (522kB) |
Abstract
*Проектот АХЕЛУС (реф.ECHO/SUB/2013/661051) е финансиран од програмата ECHO на Европската комисија со траење 1.1.2014-31.12.2015 година, а Градот Скопје има улога на партнер заедно со уште осум партнери од шест земји (Италија, Хрватска, Романија, Унгарија, Бугарија и Грција).
Серијата поплави во текот на 2010 и 2012 година ја наметнаа потребата за усвојување заеднички процедури за подобрување на ефикасноста при управување со вонредни состојби од хидрогеолошка и од хидраулична природа преку подобро организирање на човечките и на материјалните капацитити на локално ниво. Во развојот на проектната апликација, покрај координаторот (Општина Виченца) учествуваа уште пет општини од пет земји од Југоисточна Европа (Македонија, Хрватска, Романија, Бугарија и Грција) со цел поттикнување ефективна реакција и ефикасно управување во случај на поплава.
Во имплементацијата на проектните активности учествуваат два технички универзитети (Универзитетот од Падова и Универзитетот од Тесалија) и експерти од Европската програма за обука од областа на цивилната заштита, со цел да се утврдат најдобрите постапки во согласност со политиките и насоките на ЕУ. Во текот на двегодишното траење, проектот имаше за цел да се зголеми интеграцијата и соработката помеѓу територијалните субјекти вклучени во активностите на цивилната заштита и да придонесе кон јакнење на свеста меѓу граѓаните правилно да се однесуваат и рационално да ги користат расположливите информации при вонредни состојби.
Item Type: | Monograph (Technical Report) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Security |
Depositing User: | Prof. Dr. Rade Rajkovchevski |
Date Deposited: | 04 Nov 2022 19:03 |
Last Modified: | 13 Nov 2022 12:11 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7308 |
Actions (login required)
View Item |