Меѓународно судство

Светлана, Вељановска and Никола, Тунтевски (2022) Меѓународно судство. /, / (100). Iris Struga, Iris Struga. ISBN 978-996-105-400-1

[thumbnail of РЕЦЕНЗИЈА-Проф.др Љупчо Сотироски.pdf] Text
РЕЦЕНЗИЈА-Проф.др Љупчо Сотироски.pdf

Download (225kB)

Abstract

Учебникот Меѓународно судство е наменет пред се за слушателите на трет циклус студии на Правните факултети. Неговата содржина е напишана на македонски и англиски јазик со цел да послужи за совладување на наставата за домашните и странските студенти кои се слушатели на модулите на трет циклус студии на Правниот факултет во Кичево.
Како автори на почетокот се обидуваме да ги воведеме студентите во значењето на термините како што се судска власт, судска функција, правата кои судот треба да ги овозможи во неговото работење од аспект на заштита на човековите слободи и права во согласност со меѓународните документи.
Понатаму продолжуваме со меѓународните судови како реалност во современото општество. Во учебникот се поместени најзначајните меѓународни судови од аспект на нивната класификација, функционална поставеност, улога во меѓународното право и прифатеност од страна на државите членки на меѓународните организации.
Посебен дел посветивме на понатамошниот развиток на меѓународното судство од аспект на нашето сфаќање за важноста на улогата на меѓународните судови како инструмент за постигнување на меѓународната правда.
Судбината на меѓународните судови е неразделно поврзана со судбината на човештвото. Ова значи дека меѓународното судство ќе се развива и понатаму. Не треба да се исклучи појавата на целосно нови судови но најважно во целиот процес е дека не смеат да се претворат во алатки на моќ туку мора да бидат во вистинска смисла на зборот независни и непристрасни.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Prof. d-r. Svetlana Veljanoska
Date Deposited: 09 Dec 2022 13:55
Last Modified: 09 Dec 2022 13:55
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7303

Actions (login required)

View Item View Item