Nikoloski, Dimitar (2021) Општествена одговорност на компаниите. [Video]
Full text not available from this repository.Abstract
Постојат различни дефиниции за општествена одговорност на компаниите. Европската Комисија ја дефинира општествената одговорност на компаниите како концепт врз основа на кој компаниите во своите интеракции со стејкхолдерите го земаат предвид односот кон општеството и животната средина врз доброволна основа. Најсеопфатна дефиниција за општествена одговорност дава А.Карол: Општествената одговорност на бизнисот ги опфаќа економските, законските, етичките и дискреционите (филантропски) очекувања на општеството во однос на компаниите во даден временски момент.
Економската одговорност претставува основа врз која се надградуваат останатите видови одговорност.
Компаниите имаат одговорност да обезбедуваат производи и услуги и да ги продаваат на потрошувачите по фер цени. Фер цена е онаа за која општеството смета дека ја претставува вистинската вредност на производите и услугите и истовремено обезбедува соодветен профит што овозможува опстанок и раст на бизнисот. Бизнисите употребуваат различни менаџерски концепти кои се насочени кон финансиска ефикасност и акцентот се става на: приходи, трошоци, инвестиции, стратешко донесување одлуки.
Актуелната пренагласена глобална потреба за конкурентност го потенцира значењето на економската одговорност на бизнисите.
Item Type: | Video |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Efp Eprints |
Date Deposited: | 12 Oct 2022 07:11 |
Last Modified: | 12 Oct 2022 07:11 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7250 |
Actions (login required)
View Item |