ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ НА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА - ПРАКТИКУМ

Petrovska, Biljana (2021) ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ НА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА - ПРАКТИКУМ. In: ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ НА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА - ПРАКТИКУМ. University St.Kliment Ohridski Bitola, Veterinary faculty Bitola, Bitola. ISBN ISBN 978-608-65389-2-7

[thumbnail of PRAKTIKUM MENAXMENT (Autosaved) - Copy (1) (1) (1).docx] Text
PRAKTIKUM MENAXMENT (Autosaved) - Copy (1) (1) (1).docx

Download (491kB)

Abstract

Менаџментот е една од највозбудливите и најпредизвикувачките човекови активности во кои се вклучени милиони луѓе ширум светот. Уште од првото појавување на овој концепт, па и во денешно време сеуште постојат разлики во размислувањата за тоа што е менаџментот, односно дали е уметност, вештина, наука, или пак се заедно. Факт е дека во некои работи, талентот и инспирацијата играат голема улога, во друга работа тоа се вештините, во трета едукацијата и научната обука, меѓутоа, во менаџментот односно менаџирањето се е важно, затоа што е потребно и талент, и инспирација да се направат работите подобри, но и соодветна едукација да се постигне максимумот во она што го работиме. Современото менаџирање како систем на знаење за менаџирање, не е од многу одамна, но денес менаџментот е вистински интернационален, затоа што во денешно време (ако тоа не беше практика во минатото), не може да се замисли факултет кај нас и во светот на кој не се изучува научната дисциплина менаџмент. Совладувањето на искуството за менаџирање и пренесувањето на ова искуство е вредна и корисна работа, затоа што во голема мерка овозможува да се разбере како да се менаџира со одреден бизнис, како да се избегнуваат грешките кои не се исклучени и може да се случат, односно стекнување на основни знаења кои на студентите ќе им ја олеснат работата во иднина во ефективното и ефикасното менаџирање со одреден бизнис или организација.
Во доменот на ветеринарната медицина, сметаме дека изучувањето на предметот Основи на менаџмент на ветеринарна пракса, во голема мерка ќе им помогне на студентите - идни доктори по ветеринарна медицина да стекнат основни знаења за важноста и суштината на менаџментот во секојдневното работење, но и да стекнат одредени компетенции во доменот на менаџирањето кои несомнено ќе им користат во нивниот иден професионален развој..
Структурно, ова учебно помагало содржи независни, но структурно поврзани 8 тематски целини како: теоретските основи на менаџментот, еволуција на развојот на теоријата и практиката на менаџментот, функциите на менаџментот, тимската работа, мотивираноста, комуникацијата во системот на менаџирање со организацијата, како и водството, неговата природа и карактеристики. Исто така, формулирани се и целите на учење кои што студентите треба да ги постигнат и совладаат. Во некои од темите се вклучени и примери чија цел е сликовито да ја прикажат материјата и да ја доближат до студентите. По секоја тема се понудени прашања за дискусија и соодветни вежби за проверка на стекнатите знаења од тематската целина.
Авторот изразува посебна благодарност за несебичната подршката на рецензентите: проф. д-р Цветко Смилевски и проф. д-р Еленица Софијанова чии коментари и сугестии беа земени во предвид и многу придонесоа за крајното оформување на ракописот и зголемување на неговиот квалитет.

Item Type: Book Section
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Veterinary science
Divisions: Faculty of Veterinary Medicine
Depositing User: Mr Aleksandar Lozanovski
Date Deposited: 16 Feb 2022 09:21
Last Modified: 16 Feb 2022 09:21
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6819

Actions (login required)

View Item View Item