Stefanovska, Vesna (2018) Use of restorative justice in the context of intimate partners violence (Примена на ресторативната правда во случаи на насилство меѓу интимни партнери). International journal Knowledge, Vol. 28. pp. 1931-1938.
Full text not available from this repository.Abstract
Прашањето за примена на ресторативната правда во случаи на семејно насилство меѓу интимните партнери предизвика најголем отпор и контроверзии меѓу поборниците на ресторативната правда. Причините се наоѓаат во самата природа и во карактеристиките својствени на тоа насилство: присуство на контрола и моќ врз жртвата, загуба на довербата, насилство засновано на род, културни разлики во одредени заедници, можност за ескалација на насилството, можна подолготрајна примена на насилството, неуспех на заедницата да ја заштити жртвата и слично. Оттука, одредена група феминисти сметаат дека на ресторативната правда и недостасува свест за нееднаквоста меѓу половите, која ја чини позадината на насилството спрема жената Голем број компаративни анализи од примената на ресторативната правда во случаи на семејно насилство во голем број држави во светот утврдува дека таа е успешен начин на справување со тој вид насилство. Значи, и покрај низата критики и можни ризици од примената на ресторативната правда во случаи на насилство меѓу интимни партнери, таа добива поддршка бидејќи подобро го адресира проблемот на тој вид насилство и може да ги оствари потребите на жртвата. Дополнителна причина е неуспехот на казнените постапки да обезбедат соодветна заштита на жртвите, да го задоволат чувството на правда и да ги остварат нивните потреби. Од друга страна, во однос на сторителот, насилното однесување спрема интимниот партнер претставува симптом на длабок проблем во односот кон жртвата и, воопшто, проблем на кој треба посебно да му се пристапи за да може да ги сфати не само
KNOWLEDGE – International Journal Vol. 28.6 December, 2018
1932
последиците, туку и потеклото на сопствената агресија. Имајќи го предвид наведеното, бројни се придобивките од ресторативната правда во случаи на насилство меѓу интимни партнери: право на активно учество и на решавање проблемот, охрабрување, поголем степен на одговорност на сторителот, флексибилен и неформален процес кој е помалку застрашувачки за жртвата, можност за дијалог и комуникација, можност да се третира самиот проблем на насилство за оние што сакаат да ги подобрат меѓусебните односи и да останат заедно. Во тој контекст, примарен фокус не треба да биде решавање на конфликтот, туку лечење на страните преку конфронтација и дијалог, бидејќи на тој начин, може да се постигнат позитивни резултати. Токму прашањата за можните ризици, но и придобивки и перспективи од примената на ресторативната правда во случаи на семејно насилство меѓу интимни партнери се предмет на теоретска елаборација во рамките на трудот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Security |
Depositing User: | Ms. Olivera Trajanova |
Date Deposited: | 29 Jun 2021 16:24 |
Last Modified: | 29 Jun 2021 16:24 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6454 |
Actions (login required)
View Item |