Социјално исклучување: пред и по криминалот (Social Exclusion: Before and after Crime)

Stefanovska, Vesna and Gogov, Bogdanco (2017) Социјално исклучување: пред и по криминалот (Social Exclusion: Before and after Crime). Зборник на трудови, Четврта меѓунарoдна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет", Штип, 2017. pp. 101-118.

Full text not available from this repository.

Abstract

За социјалното исклучување постојат повеќе објаснувања и дефиниции. Едни го поврзуваат само со сиромаштијата, други со поделеноста и нееднаквоста во општеството, трети со поткласата. Во криминолошката литература се издвојуваат главно три нивоа на социјално исклучување. Првото ниво е економско и материјално исклучување поради проблемот на невработеност. Второто е социјална изолација поради социјалната и физичката сегрегација во рамките на заедниците, и третото ниво се јавува како резултат на исклучување на поединците (и групите) од страна на казненоправниот систем. Но, независно од причината, основата е дека поединецот (или групата) не учествува во клучните активности и не може ефективно да партиципира во економскиот, културниот и социјалниот живот. Тоа претставува оттуѓување и дистанцирање од нормалните текови на општеството и може да води кон одредени форми на девијантно и криминално однесување. На пример, резултати од повеќе истражувања покажуваат дека најголемиот процент осудени лица имаат историја на социјална исклученост, што вклучува високо ниво на материјална депривација, семејни, здравствени и образовни проблеми и ограничувања. Исто така, загубата на работа, немањето стручни квалификации, маргинализацијата и алкохолизмот ја засилуваат невработеноста. Таквиот начин на живот ја отвора вратата за криминал, за злоупотреба на дрога и алкохол, како и за други девијантни појави. Од друга страна, криминалното и девијантното однесување претставува исклучување, што значи дека сторителите, осудените лица, поранешните осудени лица, бездомниците, лицата склони кон алкохол и дрога се соочуваат со стигмата на социјално исклучени
Faculty of Law, Goce Delcev University, Shtip, Republic of Macedonia
102
лица. Во тој контекст, не само што социјалното исклучување води до криминал, но и обратно. Лицата во судир со законот, за време или по истекот на изречената кривична санкција во понатамошниот живот се соочуваат со дополнителна стигматизација која повторно ги исклучува од општеството. Имајќи го предвид наведеното, трудот ќе ги обработи прашањата поврзани со социјалното исклучување како причина за криминалното однесување, но и како резултат, односно последица на процесите на стигматизација и маргинализација на лицата во судир со законот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Ms. Olivera Trajanova
Date Deposited: 29 Jun 2021 16:24
Last Modified: 29 Jun 2021 16:24
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6446

Actions (login required)

View Item View Item