ПРАВОТО НА ОДБРАНА КАКО ПРЕТПОСТАВКА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ СТРАНСКИ СУДСКИ ОДЛУКИ ПРЕКУ ПРИЗМАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА - ПРЕДМЕТОТ: AVOTIŅŠ v. LATVIA

Ristovska, Mirjana (2020) ПРАВОТО НА ОДБРАНА КАКО ПРЕТПОСТАВКА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ СТРАНСКИ СУДСКИ ОДЛУКИ ПРЕКУ ПРИЗМАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА - ПРЕДМЕТОТ: AVOTIŅŠ v. LATVIA. Правен дијалог (21). pp. 24-34. ISSN 1857-7644

[thumbnail of pravendijalog21.pdf] Text
pravendijalog21.pdf

Download (998kB)

Abstract

Предмет на овој труд е нормативна анализа на правото на Европската Унија и анализа на судската пракса на Европскиот суд за човекови права на правото на одбрана, како еден од условите за признавање странски судски одлуки во правото на Европската Унија преку призмата на правото на правично судење, определено во одредбата од член 6 на Европската конвенција за човекови права.
Целта на овој труд е преку поставувањето во меѓусебна корелација на правото на одбрана, определено Регулативата Брисел I и правото на правично судење, определено со Европската конвенција за човекови права, да се даде одговор на прашањето дали непочитувањето на правото на одбрана при признавање странска судска одлука од страна на суд на држава-членка на Европската Унија претставува повреда на правото на правично судење и кои се тенденциите на Европскиот суд за човекови права во оваа насока.
Предметот на овој труд ќе биде истражуван со примена на методот на нормативна анализа, методот на case law, како и методите на индукција и дедукција.
Во заклучните согледувања на овој труд ќе се обидеме да дадеме насоки и препораки за ефикасна примена на судската пракса на Европскиот суд за човекови права во предметите кои се однесуваат на интеракцијата меѓу правото на одбрана и правото на правично судење.

Клучни зборови: право на одбрана, право на правично судење, Европски суд за човекови права.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Prof. d-r. Mirjana Ristovska
Date Deposited: 28 Jan 2021 07:43
Last Modified: 28 Jan 2021 07:43
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6124

Actions (login required)

View Item View Item