Veljanoska, Svetlana (2020) МЕСТОТО И УЛОГАТА НА ЗАШТИТНИКОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА ЦРНА ГОРА. Правен дијалог (21). pp. 99-107. ISSN 1857-7644
Preview |
Text
�%9F�%80авен ди�%98алог 21.pdf - Published Version Download (998kB) | Preview |
Abstract
Во трудот се претставува улогата на Заштитникот на човековите права и слободи од аспект на независен орган востановен со Уставот на Црна Гора. Станува збор за институција која самостојно и независно презема мерки за заштита на човековите права и слободи кои можат да бидат повредени со постапување или со непостапување на државните и локалните органи. Истотака заштитникот на човековите права и слободи има обврска да ја креира и развива идејата за потребата од владеење на правото и создавање на правна сигурност и доверба во институциите на системот од страна на сите граѓани.
Во Република Црна Гора институцијата Заштитник на човековите права и слободи (Омбудсман) постои од 2003 година и неговото место и улога постепено се развива во нагорна линија. Токму од тие причини овој труд ќе се задржи на аспектите кои се најважни за почитувањето на базичните човекови права кои покрај тоа што се дел од домашното законодавство се и обврска која земјата ја презела со ратификација на меѓународните договори за човекови права и со општо прифатените начела на меѓународното право.
Клучни зборови: заштитник на граѓаните, независен орган, право, владеење, правна сигурност
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Mr Mladen Kradzoski |
Date Deposited: | 29 Jun 2020 08:10 |
Last Modified: | 29 Jun 2020 08:10 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5416 |
Actions (login required)
View Item |