Мултипликативните сложени семантеми од втор степен во македонскиот јазик

Janusheva, Violeta (2013) Мултипликативните сложени семантеми од втор степен во македонскиот јазик. Меѓународна научна конференција „Македонистиката и современите предизвици“.

[thumbnail of Мултипликативните семантеми од втор степен во македонскиот јазик.docx] Text
Мултипликативните семантеми од втор степен во македонскиот јазик.docx

Download (11kB)

Abstract

Мултипликативната видска конфигурација според семантичката теорија за глаголскиот вид во македонскиот јазик припаѓа на сложениот несвршен вид, односно на конфигурациите со доминанта континуум. Во зависност од семантичката сложеност на глаголите мултипликативните семантеми во македонскиот јазик можат да бидат сложени од прв степен (од прво и од второ рамниште) и тие семантички имаат две автономни видски вредности и сложени од втор степен.
Сложените мултипликативни семантеми од втор степен имаат три автономни видски вредности, претставени преку одделни морфеми. Во трудот се претставуваат модели на мултипликативни сложени семантеми од втор степен во македонскиот јазик и се покажува моделот на нивната деривација. Во анализата акцентот е ставен на настанот/ситуацијата сфатени како момент и на релациите на овие семантеми со хабитуалните и со теличните кои се однесуваат на нивната видска повеќезначност, која, пак, е резултат на улогата на контекстот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Josif Petrovski
Date Deposited: 16 Jul 2018 13:15
Last Modified: 20 Apr 2023 05:24
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1169

Actions (login required)

View Item View Item