МЕЃУНАРОДНО ВОЕНО И ХУМАНИТАРНО ПРАВO

Veljanovska, Svetlana (2024) МЕЃУНАРОДНО ВОЕНО И ХУМАНИТАРНО ПРАВO. Faculty of Law Kicevo, Kicevo. ISBN 978-608-207-433-7

[thumbnail of MВХП учебник final.docx] Text
MВХП учебник final.docx - Published Version
Restricted to Registered users only

Download (608kB) | Request a copy

Abstract

Авторите од овие простори кои се занимавале со правната мисла во
минатото најчесто го користеле терминот „Воено право“ за да ги
дефинираат содржините кои се дел од меѓународното јавно право и се
насочени кон обработка на правните правила со кои се регулираат
правата и обврските на завојуваните страни, односите помеѓу нив и
неутралните страни во тек на еден вооружен судир.
Овие дефиниции најголемо внимание обрнуваат на завојуваните страни
чии репрезенти се државите како апсолутно доминантни субјекти на
меѓународното право и нивните права и обврски. Заштитата на
одредени категории загрозени граѓани не е сфера на интерес на
военото право. Ова се случува во ерата кога војната била дозволен
начин на решавање на конфликтите меѓу државите и кога
меѓународното општество почивало на систем на рамнотежа на силите
при што секое пореметување во рамнотежата на силите се решавало со
воен судир.
Станува збор за период кога војните се воделе на фронтовите далеку од
цивилите и цивилните жртви и се сметало дека кодификацијата на
двете Конференции во Хаг од 1899 и 1907 година,14 - сетте
меѓународни спогодби за правилата на војување и 4-те спогодби кои се
однесувале на заштита на поединецот во војна се сосема доволни да
обезбедат солидни правни гаранции за заштита на загрозените
категории на граѓани во војна.
Повелбата на Организацијата на Обединетите нации меѓу другите
промени воведе нова терминологија за вооружените судири бидејќи
покрај вооружените судири помеѓу државите ги востанови и поимите за
внатрешни и немеѓународни вооружени судири.
Токму поради ова се појави потреба во науката за воведување на еден
нов термин – хуманитарно право. Прв овој поим во своите научни
трудови го употреби швајцарскиот правник Жан Пикте во
седумдесетите години на дваесетиот век со цел да именува една област
на военото право која се однесува на правилата кои треба да ги
заштитат жртвите и загрозените категории на граѓани во вооружените
судири. Подоцна овој термин се прифати и како термин кој означува
,,хуманитарно,, односно човечно однесување кон другите лица што се
третираат како послаби во меѓусебната корелација.
Современото хуманитарното право на страните во вооружените судири
кои се потписнички им налага да ги почитуваат правилата на
7
Женевските конвенции и дополнителните Протоколи во секоја прилика
без разлика на тоа дали другата страна на судирот ги почитува или не.
Исто така Меѓународното хуманитарно право им налага на страните
потписнички да обезбедат почитување на Женевските конвенции во
секоја прилика како еден модел на солидарна одговорност, но се залага
и за одговорност на поединецот за тешко кршење на нормите на ова
право.За разлика од класичното воено рпаво ,хуманитарното право се
залага за правно регулирање на односит ево внатрешните вооружени
судири.
Токму од овие причини треба да се знае дека овој учебник произлезе со
намера да ги објасни сличностите и разликите на овие две гранки на
меѓународното јавно право кои се развивале во различни околности и
во различна констелација на развој на меѓународните односи.
Меѓународното воено право настанало и се развивало во една
специфична слика на Европа од 19 и почетокот на 20 век и во систем на
т. н. рамнотежа на сили. Подоцна од него изнедрува меѓународното
хуманитарно право кое својата концепција ја црпи од потребата за
хуман третман на сите категории граѓани вклучени во вооружените
судири но и на оние кои без нивна вина ги трпат последиците на
војните.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Prof. d-r. Svetlana Veljanoska
Date Deposited: 20 Jan 2026 08:44
Last Modified: 20 Jan 2026 08:44
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11321

Actions (login required)

View Item View Item