ПАТОТ НА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО – УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ

Jovanoski, Aleksandar and Рамадани, Илир ПАТОТ НА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО – УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ. Универзитет Св. Климент Охридски - Битола, Правен Факултет - Кичево. (Submitted)

[thumbnail of Рамадани, Илир 2025 - Патот на приклучување на Република Северна Македонија во НАТО - улогата на медиумите во процесот (докторски проект).pdf] Text
Рамадани, Илир 2025 - Патот на приклучување на Република Северна Македонија во НАТО - улогата на медиумите во процесот (докторски проект).pdf

Download (625kB)

Abstract

Овој труд има за цел да го анализира процесот на приклучување на Република Северна Македонија во Северноатлантската алијанса (НАТО). Соработката со НАТО започна во декември 1993 година, кога Собранието на Република Македонија ја усвои Резолуцијата за пристапување во Северноатлантската договорна организација.
Трудот ги истражува предизвиците со кои се соочуваше државата во текот на целиот процес, кој беше долг и сложен, исполнет со политички, дипломатски и општествени пречки, вклучително и блокадите од страна на Република Грција. Особено внимание се посветува на улогата на медиумите како преносители на информации, обликувачи на јавното мислење и како платформа за јавна дебата.
Истражувањето се потпира и на интервјуа со политички чинители – поранешни министри за надворешни работи и одбрана – кои биле директно вклучени во надворешната политика на Република Македонија. Се анализираат политичките предизвици во преговорите со Република Грција околу прашањето за името, како и улогата на Европската Унија и САД во олеснување на тие преговори.
Дополнително, трудот го разгледува начинот на кој домашните и странските медиуми известуваа за НАТО-интегративниот процес, со посебен фокус на периодот околу Преспанскиот договор, референдумот од 2018 година и ратификацијата на Протоколот за членство. Анализирани се медиумските наративи, нивниот пристап и влијанието врз перцепцијата на граѓаните за членството во НАТО.
Клучни зборови: НАТО, медиуми, Северна Македонија, интеграција, јавно мислење, дезинформации.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Prof. d-r. Aleksandar Jovanoski
Date Deposited: 01 Oct 2025 10:28
Last Modified: 01 Oct 2025 10:28
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11099

Actions (login required)

View Item View Item