Гарески, Милица (2024) Ризик фактори за виктимизација меѓу децата на социјалните мрежи (магистерски труд). /.
![]() |
Text
магистерски_труд_Гарески_Милица.pdf Download (1MB) |
Abstract
Несомнено е дека користењето на социјалните мрежи е дел од секојдневниот живот на
децата и младите луѓе. Со развојот на технологијата насилството на интернет се зголемува, а
децата кои манифестираат насилство постојано се во потрага по нови начини за повредување
на потенцијалните жртви. Виктимизираните, честопати живеат во еден затемнет лавиринт од
каде не гледаат излез. Поради достапноста на техничките уреди, виктимизацијата е постојано
зад нив. Ваквото секојдневие предизвикува немир кај жртвите. Лицата кои доживеале
насилство на социјалните мрежи се соочуваат со разни краткотрајни и долготрајни
последици. Уште потешко е кога жртвите се деца кои се во фаза на развој и кои доживуваат
големи промени во нивниот живот. Во зависност од личноста на детето, но и од околностите
кои го опкружуваат, реакцијата за вакво доживеано насилство е различна од една до друга
личност. Она што со сигурност може да се каже е дека ваквата виктимизација може да има
тешки последици врз животот на жртвата. Некои од тие последици, дел од жртвите не
успеваат да ги надминат во својот живот. Токму затоа потребно е науката да се сврти кон
истражувања кои се однесуваат на доживеано и извршено насилство на социјалните мрежи.
Многу е важно да се пронајде причинско-последичната врска за ваквото насилство.
Во нашиот труд, посебно внимание се посветува на дефинирање на сајбер насилството
од една страна и на сајбер виктимизацијата од друга, објаснување на појавните облици,
разгледување на ризик-факторите кои постоечките истражувања ги имаат веќе истакнато,
објаснување на последиците кои настануваат врз жртвите, како и разгледување на начините
за натамошна превенција. Во овој труд се разработуваат следниве ризик фактори:
индивидуални (социодемографски и психолошки), семејни и технолошки фактори и нивното
влијание врз појавата виктимизација меѓу децата на социјалните мрежи. Потребата за
изработка на овој труд и спроведување на истражувањето кое доаѓа со него, произлегува од
недостатокот на истражувања на нашите простори за оваа тема. Постоечките истражувања не
даваат целосна слика за ризик факторите кои придонесуваат за појавата, а со цел соодветно
да се реагира, потребно е да се пронајдат истите за да можи навремено да се интервенира и
превенира.
Клучни зборови: сајбер виктимизација, сајбер насилство, социјални мрежи, деца, ризик
фактори, последици
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Security |
Depositing User: | Ms. Olivera Trajanova |
Date Deposited: | 02 Sep 2025 11:09 |
Last Modified: | 02 Sep 2025 11:09 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11029 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |