Митровски, Мартин (2025) КООРДИНАЦИЈА НА БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (магистерски труд). /.
![]() |
Text
M-r-teza-Martin-M.pdf Download (1MB) |
Abstract
Без разлика на различните историски пристапи кон развојот на безбедноста, како и
студиските концепти од концептот на реализам, преку либералниот
институционализам до постмодернистичките концепти на безбедноста, државата е и
останува клучниот фактор во организирањето на безбедноста. Затоа државата мора да
поседува и да изгради соодветен систем на својата организација, а во него и
безбедносен систем. Домашните и меѓународните теоретичари во своите дискусии
имаат различни дефиниции за безбедносниот систем, меѓутоа, во повисока
метафизичка смисла, безбедносниот систем се сведува на збир на ентитети поврзани со
општа функција со цел да се спротивстави на безбедносните предизвици и закани кои
ја загрозуваат безбедноста на општеството и земјата. Нееднаквоста во овој пристап е
фиксирана само на практично ниво.
Поради горенаведеното, важно е безбедносниот систем да го гледаме како целосен
механизам (носители и нивните активности) со кој се постигнува националната
безбедност преку спречување и отстранување на заканите по основните вредности на
општеството, во согласност со уставните и меѓународно признати стандарди на
развиените демократии и меѓународните организации. Системот за безбедност во
општа смисла опфаќа подготовка, заштита и зачувување на луѓе, имот и информации, и
материјални и нематеријални. Системските дефиниции ја нагласуваат важноста на
еластичноста, која се препознава во способноста на безбедносниот систем да одговори
на сите настани и да се опорави од тие настани (без разлика дали настанот е
потенцијален или реален). Системот за безбедност мора да биде способен да ги
апсорбира влијанијата и да се справи со настанот, мора да биде прилагодлив, т.е. да
има адаптивни процеси по настанот кои ја олеснуваат способноста на системот да се
реорганизира, менува и учи од искуството. Поедноставно, тоа значи дека
безбедносниот систем се состои од луѓе, институции и инфраструктура.
Координацијата како општ организационен процес за основна цел го има
усогласувањето и стандардизирањето на целокупната поставеност во безбедносниот
сектор како и ефикасно и ефективно исполнување на дадените цели и поуспешно
реализирање на задачите.
Клучни зборови: систем, стандарди, организации, ниво, координација.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Security |
Depositing User: | Ms. Olivera Trajanova |
Date Deposited: | 02 Sep 2025 11:08 |
Last Modified: | 02 Sep 2025 11:08 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11023 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |