Sectoral Study - Tourism for the Spatial Plan of the Republic of N. Macedonia (2021-2040)

Korunovski, Saso and Marinoski, Naume and Andreeski, Cvetko and Risteski, Michael and Petrovska, Olivera (2024) Sectoral Study - Tourism for the Spatial Plan of the Republic of N. Macedonia (2021-2040). Spatial Planning Agency of the Republic of N. Macedonia.

[thumbnail of Секторска студија ТУРИЗАМ за Просторниот план (2021-2040)-08.07.2024.pdf] Text
Секторска студија ТУРИЗАМ за Просторниот план (2021-2040)-08.07.2024.pdf - Published Version
Restricted to Repository staff only

Download (6MB)
[thumbnail of SEKTORSKA STUDIJA - TURIZAM ZA PP.docx] Text
SEKTORSKA STUDIJA - TURIZAM ZA PP.docx

Download (1MB)

Abstract

Секторската студија Туризам за Просторниот план на Република Северна Македонија (2021-2040), Дел 2 е изработена согласно тендерската документација за јавна набавка на услуги за изработка на студии со технички број 01854/2023. Просторниот план претставува стратешки документ од највисока категорија која има долгорочно значење и од кој ќе произлезат останати национални, регионални и локални развојни документи (просторни планови, стратегии и програми).
Потребно е туризмот во Република Северна Македонија да заземе подоминантна улога во вкупниот економски и социо - културен развој на државата. Тој треба да биде во согласност со современите тенденции на туризмот кој ќе се темели на одржливост, висок квалитет и алтернативна понуда која ќе ги земе во предвид компаративните предности на туристичките просторни целини со што ќе се зајакне конкурентноста на државата при настапот на туристичките пазари. Поради тоа е потребно да се развијат диференцирани селективни туристички видови според расположливите вредности во туристичките простори од различен степен. Притоа, иновативните и креативните решенија треба да имаат централна улога. Освен диверзификација на туристичката понуда е потребно да се унапредат и системите за управување со туристичкиот развој. Тие од своја страна треба да обезбедат порамномерен регионален туристички развој. Поради бројните ризици и закани со кои современиот туризам се соочува потребно е да се креираат и системи за брзо и ефикасно одговарање на таквите негативни влијанија. Современиот развој на туризмот имплицира и промена на туристичката побарувачка која станува сè пософистицирана во барањата на туристите, како во квантитативна, така и во квалитативна смисла. За привлекување на диверзифицирана, сегментирана туристичка клиентела треба да се унапредат и начините и пристапите за маркетиншки активности и промоција. Дигитализацијата ќе стане се подоминантна во сите сфери на туристичкиот процес. Поради тоа треба да се создадат услови за успешна имплементација на информациски и комуникациски технологии кои треба да се во функција на поефикасно и поефективно оперирање на сите чинители во туризмот кои синхронизирано треба да делуваат. Тоа имплицира и подигнување на нивото на знаења и компетенции на човечките ресурси во туризмот што претставува креирање високостручни и професионални туристички кадри.
Етичките и моралните социо - културни императиви, како и локалните и регионалните специфичности треба да бидат неизоставен дел во рамките на креирањето на иновативни решенија. Со тоа, долгорочните перспективи на туристичкиот развој во нашата држава ќе се усогласат со утврдените вредности на Европската Унија.
Секторската студија Туризам за Просторниот план на Република Северна Македонија (2021-2040) опфаќа неколку утврдени тематски целини: Анализа на состојбата; Осврт на реализацијата на актуелниот Просторен план; Цели и приоритети; Импакти на глобалните трендови; Развојна стратегија, односно проекција до 2040 година; Имплементација, Препораки, принципи и трендови од меѓународната практика, Заклучоци и детални картографски прикази.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Michael Risteski
Date Deposited: 07 Jul 2025 09:48
Last Modified: 07 Jul 2025 09:48
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10983

Actions (login required)

View Item View Item