Asani, Afrdita and Gramatkovski, Biljana (2024) ПРОФЕСИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. In: Конференција на докторски проекти.
Text
Проект - Афрдита Асани ФИНАЛЕН (1).pdf Download (896kB) |
Abstract
Оваа студија ја истражува ефективноста на постојаниот професионален развој на
наставниците, како предуслов за подобрување во извршувањето на секојдневните работни
задачи, а тоа значи подобри резултати, што е од клучно значење за поуспешно
функционирање и развој на основното образование. Студијата навлегува во различни
активности од професионалниот развој на наставниците што помагаат да се развијат
знаењата и вештините потребни за да се справат со предизвиците во учењето на
учениците. Ова истражување е поврзано со професионалниот развој на секој наставник во
чија основа е индивидуалниот интерес за доживотно учење, како клучна алка во
промените во основното образование. Примерокот во истражувањето го сочинуваат 80
наставници. Со испитувањето се опфатени основните училишта од територијата на
Република Северна Македонија. Изборот на основните училишта е направен по случаен
избор. Временски истражувањето се одвиваше и траеше (еден) месец. Најпрво се
контактираа директорите на избраните училишта, а потоа инспекторите и обучувачите. Се
одржа состанок со наставниците на кој им беа дадени информативни листови со кои се
објаснуваат специфичните критериуми кои треба да се разгледаат пред да се дадат
одговорите и да се прочитаат анкетните листови, при што се водеше сметка за
неопходните технички услови во просториите во кои се спроведуваше истражувањето.
Добиените податоци се кодирани и вметнати во програмата за обработка на податоци со
цел да се анализираат и толкуваат.
Добиените резултати од ова истражувања покажуваат дека планирањето и
реализирањето на професионалниот развој во основното образование треба да бидат
постојани. На наставниците им се потребни помош и поддршка за професионалениот
развој и изборот на обуки. Со истражувањето, се обезбедуваат увиди и препораки за
наставниците, создавачите на политиките и засегнатите страни во основното образование.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Josif Petrovski |
Date Deposited: | 01 Oct 2024 07:04 |
Last Modified: | 01 Oct 2024 07:04 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10271 |
Actions (login required)
View Item |