Мотивацијата како движечка сила и значајна функција во менаџирањето

Pashovska, Silvana and Galeska, Roza Мотивацијата како движечка сила и значајна функција во менаџирањето. Списание на трудови на ДНУ. ISSN 0352-3497

[thumbnail of Списание ДНУ (Пашовска-Галеска)-септември 2022.docx] Text
Списание ДНУ (Пашовска-Галеска)-септември 2022.docx - Published Version

Download (299kB)

Abstract

Успешните компании во своето функционирање како примарен фактор за успех ги имаат во предвид човечките ресурси односно вработените кои имаат различно искуство, различен степен на едукација, сопствени видувања и размислувања за работите воопшто и секоја индивидуа претставува независна личност. Поаѓајќи од тоа, за да ги оствари поставените стратегиски цели, компанијата неопходно е да води грижа за своите вработени, да ги разбере нивните потреби и истовремено да ги мотивира за да може да изгради состојба во која тие ќе имаат чуство на вистинска вредност и припадност кон тимот кој носи успех и развој. Мотивацијата е онаа движечка сила која ги поттикнува вработените на одредени однесувања, таа е од суштинско значење за опстанок и просперитет и е тесно поврзана со задоволството од работата. Мотивацијата е вештина која може и мора да се научи доколку се сака да се успее, односно таа е клучот за продуктивно работење и поттикнувач на работната способност кај вработените.
Компаниите кои се успешни и конкурентни имаат задоволни и мотивирани работници, а тајната е во развиената организациона структура која опфаќа воспоставување на систем на награди, негување на култура на почитување и рамноправност на вработените, како и владеење на пријатна работна атмосфера. Доколку се негува овие вредности, успехот е за загарантиран. Затоа, како препорака за менаџерите може да се даде да посветат поголемо внимание на своите вработени, да покажат разбирање и толеранција за нив, да ce потрудат да увидат поединечно што го мотивира секој вработен и да обезебдат добри услови за работа. Со тоа, нивните вработени секогаш ќе бидат стимулирани за работа и задоволни, со што и нивната ефикасност и продуктивност ќе расте, што во крајна линија е најважно бидејќи тие се најзначајниот ресурс на секоја организациона структура.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Scientific Tobacco Institute
Depositing User: Prof. d-r. Silvana Pasoska
Date Deposited: 01 Nov 2024 11:15
Last Modified: 01 Nov 2024 11:15
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10202

Actions (login required)

View Item View Item