Pashovska, Silvana and Miceski, Trajko Менаџментот на себеразвојот и личното однесување. In: -та меѓународна конференција Меѓународен Славјански Универзитет, Септември 2019, Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе.
Text
Пашовска-Мицески,Mеѓународен Славјански Универзитет, 2019.docx - Published Version Download (105kB) |
Abstract
Менаџментот како наука, поради важноста која ја има во работењето на претпријатието, покривајќи ги сите функции на работење, е од посебен интерес во секоја област на работење и живеење.
Менаџментот настојува да ги мотивира индивидуалните активности кои ќе водат кон остварување на организационите цели, а да ги обесхрабри и оневозможи оние активности кои евентуално ќе попречат во постигнување на целите. Задачите кои се извршуваат од страна на менаџерите се диферентни, динамични и комплексни, па оттаму и знаењата и способностите со кои тие треба да располагаат се многубројни.
Работата на менаџерот е мошне специфична и бара перманентно усовршување, односно следење на најновите трендови во сферата во која дејствува. Исто така, со оглед на тоа што конкуренцијата постојано се заострува, проблемите кои се наметнуваат добиваат во комплексност, а истовремено и полето на знаење се шири и сето тоа подразбира дека менаџерите во своето работење треба да посветат посебно внимание на планирањето иновации. Впрочем и во денешни услови на работење важи изреката „иновирај или умри“. Менаџерите треба да прибираат информации, односно да креираат менаџмент информационен систем кој ќе биде во функција на поуспешно и поефикасно делување, применувајќи еден функционален приод кој ги опфаќа човечките ресурси,финансиите, целите,методите и постапките за успешно менаџирање.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Scientific Tobacco Institute |
Depositing User: | Prof. d-r. Silvana Pasoska |
Date Deposited: | 01 Nov 2024 11:01 |
Last Modified: | 01 Nov 2024 11:01 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10173 |
Actions (login required)
View Item |