Pashovska, Silvana Бизнис планот како предуслов за одржлив бизнис во услови на променливо опкружување. In: Меѓународна конференција Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе, 2020 година, октомври, 2020, Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе.
Text
Силвана Пашовска, Славјански Универзитет 2020.docx - Published Version Download (1MB) |
Abstract
Денес бизнисите функционираат во крајно променливо опкружување, па затоа и бизнис плановите неопходно е да бидат прилагодени на едно такво опкружување. Всушност, бизнис планот треба да се користи како средство за финансирање на малите бизниси, како блупринт за претприемачкиот успех, како патоказ за идните бизнис активности, како сет на бизнис идеи, како средство за опишување на бизнис идеите и како финансиски водич за бизнисот. За да се изработи и реализира еден успешен и квалитетен бизнис план уште на почетокот, потребни се девет основни чекори кон целосно негово успешно имплементирање и тоа :
- Идеја за отпочнување – која ќе иницира создавање на уникатен производ или услуга, ќе овозможи низа придобивки за потрошувачите, ќе се разликува од конкуренцијата и брзо ќе се пробие на пазарот;
- Сегмент на потрошувачи – ги опфаќа потенцијалните клиенти и нивните потреби ;
- Канали на дистрибуција – се однесуваат на потенцијалните добавувачи и како производот преку нив ќе стигне до крајните корисници - потрошувачи;
- Односи кон потрошувачите – го опфаќа прашањето како да се креира побарувачка за истражуваниот производ/услуга;
- Структура на трошоци – направени за да се добие производот или услугата;
- Клучни активности – кои активности треба да се направат за да се започне со нормално функционирање и работа на бизнисот ;
- Клучни ресурси – добавувачи, опрема и останати елементи примарни за бизнисот;
- Клучни партнери – лица или компании без кои нема да може да профункционира концептот на бизнисот;
- Приходи – или првични прогнози за можните приходи и за профитот.
Анализата на секој од споменатите чекори и нивното доследно спроведување, е предуслов за квалитетен бизнис план или добра основа за успешен бизнис.
Клучни зборови: бизнис план, инвестиција, ресурси, менаџирање, профит
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Scientific Tobacco Institute |
Depositing User: | Prof. d-r. Silvana Pasoska |
Date Deposited: | 01 Nov 2024 10:59 |
Last Modified: | 01 Nov 2024 10:59 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10171 |
Actions (login required)
View Item |