МЕСТОТО И УЛОГАТА НА ЗАШТИТНИКОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА ЦРНА ГОРА

Veljanoska, Svetlana (2020) МЕСТОТО И УЛОГАТА НА ЗАШТИТНИКОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА ЦРНА ГОРА. Правен дијалог (21). pp. 99-107. ISSN 1857-7644

[img]
Preview
Text
�%9F�%80авен ди�%98алог 21.pdf - Published Version

Download (998kB) | Preview
Official URL: https://www.ihr.org.mk/storage/app/media/Legal%20D...

Abstract

Во трудот се претставува улогата на Заштитникот на човековите права и слободи од аспект на независен орган востановен со Уставот на Црна Гора. Станува збор за институција која самостојно и независно презема мерки за заштита на човековите права и слободи кои можат да бидат повредени со постапување или со непостапување на државните и локалните органи. Истотака заштитникот на човековите права и слободи има обврска да ја креира и развива идејата за потребата од владеење на правото и создавање на правна сигурност и доверба во институциите на системот од страна на сите граѓани. Во Република Црна Гора институцијата Заштитник на човековите права и слободи (Омбудсман) постои од 2003 година и неговото место и улога постепено се развива во нагорна линија. Токму од тие причини овој труд ќе се задржи на аспектите кои се најважни за почитувањето на базичните човекови права кои покрај тоа што се дел од домашното законодавство се и обврска која земјата ја презела со ратификација на меѓународните договори за човекови права и со општо прифатените начела на меѓународното право. Клучни зборови: заштитник на граѓаните, независен орган, право, владеење, правна сигурност

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Mr Mladen Kradzoski
Date Deposited: 29 Jun 2020 08:10
Last Modified: 29 Jun 2020 08:10
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5416

Actions (login required)

View Item View Item