Ivanovska, Lela (2020) КРЕАТИВНОСТА ВО НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК. In: Fifth International Scientific Conference FILKO, Stip, North Macedonia.
Text
КРЕАТИВНОСТА ВО НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК.pdf Download (327kB) |
Abstract
Со промените во образовниот систем и во наставниот процес за
подобрување на квалитетот на образованието се наметнува и потребата од
осовременување, како и од креативно пристапување кон наставата по Англиски
јазик. Креативниот пристап кон наставата по Англиски јазик е од голема важност
бидејќи студентите стануваат активни субјекти и полесно го совладуваат јазикот.
Воведувањето на посовремена образовна технологија доведува до модерна и
креативна настава по Англиски јазик. Компјутеризацијата нуди возбудливи
нови можности и предизвици за учење. Интернетот ги надополнува изворите
и материјалите што им се достапни на наставниците и студентите, нуди
најразлични податоци и можности за истражување, како и моќни и разновидни
начини кои може да се инкорпорираат во процесот на учење. Употребата на
ИТ во јазичната настава, во која компјутерот има централна улога, опфаќајќи
различни софтверски апликации, претставува доста иновативен и привлечен
метод на работа како за студентите така и за наставниците. Овој труд има за цел
да даде еден нов поглед за начинот на концепирање на наставниот процес со
примена на креативни наставни техники за подобро совладување на јазичните
вештини во изучувањето на Англискиот јазик како странски јазик. Исто така, ќе
се добијат и одредени практични сознанија, а со цел подобрување на наставата
по Англиски јазик.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Information and Communication Technologies |
Depositing User: | Prof. d-r. Andrijana Bocevska |
Date Deposited: | 07 Apr 2024 10:59 |
Last Modified: | 07 Apr 2024 10:59 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9898 |
Actions (login required)
View Item |