Ismajli, Betim and mentor Janusheva, Violeta (2024) ПРИМЕНАТА НА ИНФОРМАЦИСКО-КОМУНИКАЦИСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ПРЕДУНИВЕРЗИТЕТСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА КОСОВО. In: ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА (зимска сесија) на студентите на трет циклус студии за презентација на докторски проекти, 3.2.2024, Bitola. (Unpublished)
Text
Независен докторски проект, м-р Бетим Исмајли, ПФ.pdf Download (708kB) |
|
Text
Независен докторски проект, м-р Бетим Исмајли, ПФ.pdf Download (708kB) |
Abstract
Имајќи ги предвид сите нејзини предности, информациско-комуникациската
технологија (ИКТ) станува неопходен дел од од сите сфери на човековото живеење и
дејствување вклучувајќи го и образованието зашто ги менува поучувањето и учењето и ги
подготвува учениците за живот и работа во дигиталната ера. Нејзиното вклучување во
образовниот систем станува неопходност, но и предизвик за образовните системи на
многу земји.
Ова квалитативно истражување ги испитува ставовите на наставниците во
предуниверзитетското образование и образовната политика во Р Косово, во однос на
вклучувањето на ИКТ во различни наставни предмети со цел да се добијат општи
сознанија за примената на ИКТ во наставата во Косово. Популацијата ја сочинуваат
наставници од средните училишта во Приштина и документи што се во основата на
косовскиот образовен систем. Примерокот вклучува 50 наставници по различни наставни
предмети од средните училишта во Приштина со кои е спроведен анкетен прашалник со
пет отворени прашања и четири значајни документи што служат како корпус. Анализата
на податоците ја вклучува квалитативната анализа на содржината, во чија основа е
кодирањето и се потпира на интерпретативно-индуктивниот метод.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека ставовите на наставниците и
насоките на образовната политика во предуниверзитетскиот образовен систем, во однос на
примената на ИКТ, се совпаѓаат. Тоа значи дека се идентификувани предностите,
недостатоците и предизвиците од примената на ИКТ. Од резултатите се гледа и дека
образовната политика се насочува кон унапредување на предностите и кон надминување
на недостатоците и на предизвиците, преку обезедување дигитални образовни ресурси и
обезбедување обуки за наставниците со цел да создаде образование усогласено со
европските образовни стандарди.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | prof. d-r Violeta Januseva |
Date Deposited: | 09 Feb 2024 10:25 |
Last Modified: | 09 Feb 2024 10:25 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9770 |
Actions (login required)
View Item |