ТЕЛАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ И КВАЛИТЕТОТ НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Qazimi, Ahmed and Pejchinovska, Milena (2024) ТЕЛАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ И КВАЛИТЕТОТ НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. University St Kliment Ohridski, Faculty of education. (Unpublished)

Warning
There is a more recent version of this item available.
[thumbnail of Doktorski proekt, m-r Ahmed Qazimi, PF.pdf] Text
Doktorski proekt, m-r Ahmed Qazimi, PF.pdf - Other

Download (908kB)

Abstract

Квалитетното високо образование е приоритет на секоја земја. Така, скоро две и пол децении од потпишувањето на Болоњската декларација и од пристапувањето на нашата земја кон Болоњскиот процес, сè уште се поставуваат мноштво прашања поврзани со квалитетот во високото образование, но и дали преземените реформи во високото образование доведоа тоа да стане составен дел од европскиот високообразовен простор. Во таа смисла, приоритет во нашата земја е да се обезбеди контрола на квалитетот во високото образование со цел да се усогласат стандардите со стандардите за воспоставување и следење на квалитетот на високото образование во европски рамки.
Ова истражување има за цел да ја опише улогата на телата за обезбедување квалитет во високото образование и да даде сознанија за состојбата со обезбедувањето квалитет на високообразовните инситуции во Република Северна Македонија. Методологијата на истражувањето се заснова на квалитативната парадигма и при проучувањето на проблемот, се применува емпириско истражување со дескриптивен карактер. Примерокот го сочинуваат документи од телата за обезбедување квалитет во високото образование и друга и релевантната документација што е во основата на високообразовниот систем, а анализата се потпира на квалитативната анализа на содржината, врз основа на што индуктивно се изнесуваат заклучоците.
Резултатите од анализата покажуваат дека за да се обезбеди квалитет во високото образование неопходни се посеопфатен пристап на сите чинители кои се вклучени во овој процес и дејствување усогласено со земјите од регионот и во Европа. Да се достигнат европските стандарди за обезбедување на квалитетот во високото образование значи поголема усогласеност на образованието со потребите на пазарот на трудот и подобрување на координацијата и соработката помеѓу образовните институции и важните агенции на сите нивоа.

Клучни зборови: квалитет, високо образование, тела за квалитет, надворешна евалуација, самоевалуација.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Prof. d-r Milena Pejchinovska
Date Deposited: 07 Feb 2024 20:30
Last Modified: 07 Feb 2024 20:30
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9760

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item