Ramadani, Fehmi and Pejchinovska, Milena (2024) УЛОГАТА НА ПРАКТИЧНАТА ЛАБОРАТОРИСКА РАБОТА ВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСОТ И МОТИВАЦИЈАТА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ПРИРОДНИ НАУКИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА КОСОВО. University St Kliment Ohridski, Faculty of education. (Unpublished)
Text
Doktorski proekt, m-r Fehmi Ramadani, PF.pdf - Other Download (1MB) |
Abstract
Трудот има за цел да ја утврди улогатa на практичната лабораториска работа во зголемување на интересот и на мотивацијата на учениците за природните науки во основните училишта во Р Косово. Притоа, даден е преглед на потребата од вклучување на практичната лабораториска работа во наставата и е нагласено значењето на лабораториската опрема и на ресурсите.
Истражувањето е засновано на квантитативната парадигма. Истражувачки инструменти се прашалниците за наставниците и за учениците составени од прашања од затворен тип. Примерокот го сочинуваат 186 наставници и 156 ученици од 24 основни училишта во Р Косово. Добиените резултати статистички се обработени и се прикажани во табели. Притоа се користи вербално-наративниот стил за да се објаснат аспектите од табелите кои се важни за истражувањето. Проверката на хипотезите се прави со помош на статистичката постапка х2.
Ваквата истражувачка методологија овозможува детална анализа на ставовите и на мислењата на учесниците и идентификација на тенденциите, предизвиците и перцепциите поврзани со употребата на практичната лабораториска работа во наставата по природни науки во основните училишта во Р Косово.
Резултатите го поткрепуваат влијанието на практичната лабораториска работа врз одредени аспекти од учењето, а учениците изразуваат позитивни ставови кон практичната лабораториска работа, што влијае на нивниот интерес за изучување на природните науки. Во таа насока, истражувањето дава препораки за: обука на наставниците, вклучување на лабораториската работа во наставните програми и инвестиции во опремата. Препораките вклучуваат и програми за учениците, размена на искуства меѓу наставниците и поддршка од државните институции за подобрување на лабораториската работа во основните училишта.
Клучни зборови: Интерес, мотивација, практична лабораториска работа, природни науки.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences Scientific Fields (Frascati) > Natural sciences > Other natural sciences |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Milena Pejchinovska |
Date Deposited: | 07 Feb 2024 20:30 |
Last Modified: | 07 Feb 2024 20:30 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9759 |
Actions (login required)
View Item |