Avramovska, Milica and Hristovska, Elizabeta (2024) ВЛИЈАНИЕ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА РАБОТА ВРЗ ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ И КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ ВО МАШИНСКАТА И ИТ ИНДУСТРИЈАТА. Doctoral thesis, Tehnicki fakultet - Bitola.
Text
Doktorski proekt - Milica Avramovska.pdf Download (1MB) |
Abstract
Апстракт
Клуч за успех во секоја работа е комуникацијата меѓу луѓето (вработените). Човекот
е најважниот фактор при контрола на квалитетот на производите и услугите. Од таа причина
иако се работи во време во кое дигитализацијата достигна високо ниво, а во иднина се
очекува уште повисоко и голем процент од работната сила е заменета со машини, сепак
сеуште машините се управувани од страна на луѓето. Во таа активност постои соработка
помеѓу машината и човекот, поради тоа многу е важно на кој начин тие работат и колку
човекот е мотивиран во својата работа за да може успешно да го заврши својот дел. Се
повеќе луѓето се третираат како роботи, но реалноста е сосема поразлична. За да се заврши
успешно една работа, односно работникот да биде продуктивен, мора да бидат задоволени
низа нужни потреби на истиот. Продуктивноста на вработениот, директно го повлекува со
себе квалитетот на финалниот производ или услуга. Кратко кажано, колку поголемо
задоволство и продуктивност кај работниците, толку подобар квалитет на финалниот
продукт и поголемо задоволство на крајниот корисник. Овој докторски проект опфаќа
истражување во оваа насока, при што за целни ги зема машинската и ИТ индустријата, за
кои се испитува дали користат методологија при работата и дали двете индустрии се
поврзани помеѓу себе односно дали имаат соработка. Исто така, во докторскиот проект се
дава предлог методологија за работа која може успешно да ја применуваат двете индустрии.
Спроведеното истражување, анализираните резултати и сублимираните предлози се во
насока на подобар квалитет на финалниот резултат.
Клучни зборови: методологија за работа, продуктивност на вработени, квалитет на
производи/услуги, машинска индустрија, ИТ индустрија.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Engineering and Technology > Mechanical engineering |
Divisions: | Faculty of Technical Sciences |
Depositing User: | Prof. d-r Elizabeta Hristovska |
Date Deposited: | 15 Apr 2024 09:38 |
Last Modified: | 15 Apr 2024 09:38 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9740 |
Actions (login required)
View Item |