Различни нијанси на сиво – Колкава е неформалната вработеност во Македонија?

Nikoloski, Dimitar (2024) Различни нијанси на сиво – Колкава е неформалната вработеност во Македонија? fakulteti.mk.

[thumbnail of 4 Neformalna vrabotenost, Dimitar Nikoloski.pdf] Text
4 Neformalna vrabotenost, Dimitar Nikoloski.pdf

Download (543kB)
Official URL: http://fakulteti.mk

Abstract

Големиот неформален сектор во македонската економија претставува наследство од долготрајниот процес на транзиција. Имајќи ја предвид високата невработеност која настана како резултат на колапсот на компаниите во општествена сопственост, неформалната економија се појави како еден од алтернативните механизми за прилагодување на пазарот на труд. Неформалниот сектор во транзициските економии се разви на посебен начин и поприми специфични облици кои се разликуваат од оние во остатокот од светот. Особено, порастот на долгорочната невработеност придонесе за зголемување на бројот на т.н. обесхрабрени работници кои се соочуваат со ерозија на човечкиот капитал и се повеќе склони кон вработување во нефромален сектор. На тој начин, неформалното вработување се појави како можност за обезбедување дополнителни приходи за домаќинствата во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, ублажувајќи ги на тој начин социо-економските последици од високата невработеност.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Efp Eprints
Date Deposited: 29 Feb 2024 09:10
Last Modified: 29 Feb 2024 09:10
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9734

Actions (login required)

View Item View Item