РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА НА РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН КАКО НЕОПХОДНОСТ КОН ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

ДАМЈАНОВСКИ, САШО РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА НА РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН КАКО НЕОПХОДНОСТ КОН ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА. n/a. (Unpublished)

[thumbnail of докторскиот проект на САШО ДАМЈАНОВСКИ РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА НА  РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН  БАЛКАН КАКО НЕОПХОДНОСТ КОН ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО  ВО  ЕВРОПСКАТА УНИЈА] Text (докторскиот проект на САШО ДАМЈАНОВСКИ РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА НА РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН КАКО НЕОПХОДНОСТ КОН ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА)
Регионалната соработка во Западен Балкан као неопходност кон полноправно членство во ЕУ (1).docx - Other

Download (145kB)

Abstract

Дезинтеграцијата на поранешната Југословенска федерација како и комплексните геополитички промени како на регионален, така и на глобален план, креираа безбедносен вакум и состојба на неизвесност во регионот на Западен Балкан. Дополнително, во одделни поранешни републики се случија воени конфронтации кои се сметаат како најдеструктивни во Европа по завршување на Втората Светска Војна. Таквата состојба поттикнуваше силна неопходност од сеопфатни мирољубиви решенија, а подоцнежните случувања на политички, економски, социјален и безбедносен план ја потенцираа потребата за континуирана потрага по одржливи решенија, кои ќе поттикнат и придонесат кон размислувања за сеопфатни и суштински конкретни чекори од кои без исклучок придобивки ќе имаат сите граѓани на регионот на Западен Балкан.
Во овие услови, земјите од регионот на Западен Балкан како единствен логичен одговор на ваквите случувања го имплицираа регионалното поврзување како концепт кој може силно да придонесе во избегнување на периферен статус на европскиот континент. Почнувајќи од Централно Европската Иницијатива, како и учеството во Пактот за Стабилност во Југоисточна Европа, јасно и недвосмислено покажаа дека ваквата форма на поврзување претставува единствен начин за подобрување и разрешување на билатераланите односи како и за обезбедување на благосостојба на своите општества.
Регионализмот како појава, односно воспоставување на регионални инцијативи се појави по завршувањето на Втората Светска Војна под името стар регионализам најшироко препознаен по создавањето на Европската Економска Заедница во 1951 година.
Крајот на Студената Војна како и дисолуцијата на Варшавскиот Пакт претставуваше период на започнување на нова ера на регионалните иницијативи познат како нов регионализам, проектиран за зголемена глобална економска интеграција, односно по својата теоретска поставеност, под регионализам се подразбира економско и политичко поврзување помеѓу две или повеќе политички заедници на економски, политички и социетален план со цел да се овозможи економско-политичка благосостојба на своите општества и граѓани.Лонгли,Р.- Longley, R. (2021)
Исто така регионалната соработка создава рамка за дискусија за прашања со зголемување на способноста за ублажување на потенцијалните конфликти кои се случиле во минатото, при што членовите на регионалниот формат може да најадат решенија кои се типични за одреден регион.Де Јонг-Егенхофер, De Jong and Egenhofer (2014).
Во тој контекст, Европската Унија препознавајќи го комплексниот момент во кој се најде регионот на Западен Балкан преку Договорот за Стабилизација и Асоцијација кој беше воспоставен во 1999 година, им понуди на земјите од Западен Балкан сериозна можност за остваруварување на нивната стратегиска цел: поноправноправно членство во Европската Унија.
Во таа насока, Европската Унија преку Договорот за Стабилизација и Асоцијација силно инсистираше на регионални формати кои ќе бидат засновани на европски норми и вредности, поради фактот дека само регионални иницијативи засновани на супранационален "top-down" пристап и сеопфатна регионална инклузивност може да го придвижи Западниот Балкан кон остварување на нивната стратрегиска цел: полноправно членство во Европската Унија.
Според тоа, целта на овој проект е да даде одговор на истражувачките прашања дали регионалното поврзување на земјите од Западен Балкан претставува есенцијален предуслов кон полноправно членство во Европската Унија и дали воспоставените регионални инклузивни формати на соработка може да претставуваа додадена вредност кон исполнување на нивната стратегиска цел: полноправноправно членство во Европската Унија.
За потребите на овој проект ќе се користи релевантна академска научна литература, како и официјални електронски адреси чие користење е од суштинска природа во осознавање на динамиките на регионалното поврзување.
Исто така, за потребите на овој проект ќе се користат и изјави и интервјуа на официјалниллица и институции кои беа и се вклучени во процесот на регионална интеграција на земјите од Западен Балкан.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Prof. d-r Zidas Daskalovski
Date Deposited: 04 Feb 2024 22:37
Last Modified: 04 Feb 2024 22:38
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9732

Actions (login required)

View Item View Item