КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА ВРЕДНОСТА И СТРУКТУРАТА НA НАДВОРЕШНАТА ТРГОВИЈА КАЈ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Јанкулоска, Елена and Камчески, Борис (2023) КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА ВРЕДНОСТА И СТРУКТУРАТА НA НАДВОРЕШНАТА ТРГОВИЈА КАЈ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН. In: Conference Proceedings - SERVECO. Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid, Ohrid, pp. 29-43. ISBN 978-608-4676-39-3

[thumbnail of Elena, Boris, SERVECO 2023.pdf] Text
Elena, Boris, SERVECO 2023.pdf - Published Version
Available under License Creative Commons Attribution.

Download (1MB)

Abstract

АПСТРАКТ

Зголемувањето на домашното производство на земјите значително влијае на забрзаниот раст и развој на националната економија, како и на меѓународната трговија. Меѓународната трговија се карактеризира со специфичности во однос на внатрешната трговија, како што се: големина на пазарот, преференции на потрошувачите, општествено економски системи, посебни постапки и процедури при премин преку царинска линија и морална обврска.

Целта на ова истражување е да се направи компаративна анализа на вредноста и структурата на надворешната трговија на Македонија со селектрани земји од Западен Балкан ( Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија) во периодот од 2016 до 2020 година. За таа цел потребна е анализа на податоци од различни гледни точки, со користење на различни индикатори за вредност и структура на меѓународната трговија. Индикатори преку кои е направено истражувањето се: вкупна размена на стоки и услуги, надворешно – трговско салдо, покриеност на увозот со извозот, верижни и базни индекси за извозот и увозот на стоки и услуги.

Сопствените пресметки се направени врз база на податоци што може да се добијат од официјалните интернет страни на државните заводи за статистика од секоја земја што е предмет на истражување. Овие податоци што ги објавуваат државните заводи за статистика се интегрирани и во веб платформата од Светска Банка.

Item Type: Book Section
Uncontrolled Keywords: Увоз Извоз Вкупна размена надворешно трговско салдо покриеност на увозот со извоз
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Aleksandar Trajkov
Date Deposited: 19 Dec 2023 09:50
Last Modified: 19 Dec 2023 09:50
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9538

Actions (login required)

View Item View Item