МЕРЕЊЕ НА ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ЦАРИНСКА ЗАШТИТА

Христова, Вања (2023) МЕРЕЊЕ НА ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ЦАРИНСКА ЗАШТИТА. In: Conference Proceedings - SERVECO. Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid, Ohrid, pp. 17-28. ISBN 978-608-4676-39-3

[thumbnail of Vanja Hristova.pdf] Text
Vanja Hristova.pdf - Published Version
Available under License Creative Commons Attribution.

Download (949kB)

Abstract

АПСТРАКТ

Развојот на светската економија, но и на националните економии е условен од унапредување на меѓународната трговската размена и соработка. Токму затоа, државата е секогаш мотивирана да ги регулира односите на субјектите во сферата на меѓународната трговија, притоа водејќи трговска политика на заштита на домашното стопанство во функција на остварување на националните цели и интереси. Трговската политика државите ја реализираат преку користење на царини и нецарински инструменти за надворешно трговска заштита и истата треба да создаде услови за подобрување на конкурентската моќ на домашните производители да создадат поволна производна структура на национална економија а со цел остварување на долгорочен економски раст и развој.

Современиот концепт на надворешно трговска заштита, т.н. надворешно трговска либерализација е процес на намалување и укинување на царините и на нецаринските ограничувања. Царините како еден основните инструменти за трговска заштита признаени од страна на Светската трговска организација, се индикатор и на интензитетот на царинска заштита на една национална економија со што се овозможува поголема конкурентност на домашните производи на домашниот пазар.

Целта на овој труд е да се направи мерење на интензитетот на царинска заштита во Македонија, споредено со селектирана група на земји од регионот, преку преку пресметување на стапките на номиналната царинска заштита и тоа преку агрегирање на аритметичките просеци на номиналните стапки и за одредена група на производи и со пресметување на пондерираните номинални царински стапки агрегирани согласно потребите на анализата.

Item Type: Book Section
Uncontrolled Keywords: трговска либерализација трговска политика царинска заштита просечни номинални царински стапки пондерирани царински стапки
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Aleksandar Trajkov
Date Deposited: 19 Dec 2023 09:50
Last Modified: 19 Dec 2023 09:50
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9537

Actions (login required)

View Item View Item