Ilkovska, Biljana (2012) БЕЛОДРОБНА ТУБЕРКОЛОЗА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ПЕРИОД 2007-2011 година. Medicus, 17 (2). pp. 155-159.
Text (БЕЛОДРОБНА ТУБЕРКОЛОЗА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ПЕРИОД 2007-2011 година)
DR.BILJANA ILKOVSKA PUBLICATIONS.pdf - Published Version Download (8MB) |
Abstract
РЕЗИМЕ: И покрај напредокот во дијагностиката ефикасната терапија и спроведување на вакцинацијата, туберкулозата во денешно време сеуште претставува здравствен, социјален и економски проблем. Целта на овој труд е да се прикаже распространетоста на активната белодробна туберкулоза во
амбулантно поликлиничката и диспанзерската дејност на подрачјето на општина Битола. Материјал и метод на работа. За материјал се користени податоци добиени од Диспанзерот за белодробни заболувања при Клиничка болница - за периодот од 2007-2011година. Применет е дескриптивен метод на работа. Резултати. Бројот на болни од активна белодробна туберкулоза е намален од 31 во 2007 на 12 во 2011 година. Учеството на белодробната туберкулоза во вкуниот број на туберкулозни заболувања е 95,9%. Од резултатите видливо е постепено опаѓање на трендот на морбидитетот, со колебање на амлитудата на инцидецата и преваленцата, наизменично од година во година и се движи од 28,5 на 100 000 жители во 2007 година на 11,3 во 2011 година. Слично е и опаѓањет на бројот на новорегистрираните болни.
Морталитетот од белодробна туберкулоза е исто така во опаѓање од 4,9 на 100.000 жители во 2007 на 2,9 во 2011 година.Заклучок. Добиените параметри укажуваат на успешно спроведување на мерките за спречување и сузбивање на белодробната туберкулоза во општина Битола. Натамошната борба против ова заболување подразбира уште поголемо ангажирање на здравствената
служба и заедница во целост.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Medical and Health Sciences > Basic medicine Scientific Fields (Frascati) > Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | UKLO Network |
Depositing User: | UKLO Mrezha |
Date Deposited: | 30 Jan 2024 08:01 |
Last Modified: | 30 Jan 2024 08:01 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/9329 |
Actions (login required)
View Item |