ГЕНЕТСКИ ПРОУЧУВАЊА И КОМБИНАЦИСКИ СПОСОБНОСТИ НА СОРТИ И НИВНИТЕ ДИЈАЛЕЛНИ F1 ХИБРИДИ КАЈ ТУТУНОТ (Nicotiana tabacum L.)

Aleksoski, Jane (2020) ГЕНЕТСКИ ПРОУЧУВАЊА И КОМБИНАЦИСКИ СПОСОБНОСТИ НА СОРТИ И НИВНИТЕ ДИЈАЛЕЛНИ F1 ХИБРИДИ КАЈ ТУТУНОТ (Nicotiana tabacum L.). Doctoral thesis, University "St.Kliment Ohridski" - Bitola.

[thumbnail of JANE ALEKSOSKI.pdf] Text
JANE ALEKSOSKI.pdf

Download (5MB)

Abstract

Тутунот во Република Северна Македонија е стратешка култура со повеќевековна традиција на одгледување и добивање производ со вонредно висок квалитет. Тутунопроизводството на ова поднебје глaвно го сочинуваат ориенталски ситнолисни ароматични тутуни наменети за домашниот и странскиот пазар. Нашиот тутун заради специфичната и многу пријатна арома успешно се вклопува во харманите за изработка на најквалитетни цигари во светот. Селекционата дејност на оваа култура е насочена кон генетско подобрување на економски важните особини поврзани со зголемувањето на приносот и квалитетот на сувиот лист.
Селекционерот ја реализира својата цел со претходни темелни проучувања на расположливиот сортимент, притоа врши избор на родителски парови и прави меѓусебни вкрстувања, со што овозможува мешање на наследниот материјал во процесот на хибридизација. Потоа, со генетски проучувања и споредби тој добива визија за неговата понатамошна сукцесивна облагородувачка активност.
Морфолошките, биолошките, технолошките и хемиските особини се директно поврзани со приносот и квалитетот на сувиот тутунски лист. Тоа се мерливи својства контролирани од повеќе гени со различни поединечни ефекти, а во нивната манифестација влијаат голем број еколошки фактори. Нивната фенотипска варијабилност е последица на генетската и еколошката варијабилност, како и на меѓусебната интеракција. Генетскиот дел на фенотипската варијанса може да се подели на адитивна компонента, компонента која е резултат на доминантното дејство и компонента која е последица на интраалелната интеракција. Посебен акцент при создавањето на нови сорти се дава на адитивната компонента на генетската варијанса. Варијансата предизвикана од доминантноста и интраалелната интеракција сукцесивно се губи паралелно со зголемувањето на хомозиготноста, па затоа може да се користи само кај хибридните (F1) сорти. Со одредување на односот помеѓу адитивната и доминантната компонента на генетската варијабилност се определува начинот на користење на истражувачкиот материјал за креирање на хибридни и стабилни сорти.
Во овој труд се вклучени пет сорти од различни типови, со различно географско потекло и различни квантитативни особини. Дијалелните вкрстувања го обезбедуваат максималниот број на крстоски што може да се остварат од одбраните родителски генотипови. Генетските проучувања на родителите и нивните 10 F1 хибриди претставуваат важен придонес во науката од областа на квантитативната генетика. Со проучувањето на нивните комбинациски способности ќе се добијат корисни насоки кои ќе најдат практична примена во програмите за облагородување на тутунот.
Главна цел на истражувањата е со помош на методите на дијалелно вкрстување да се одредат начинот на наследување и варијабилноста на најважните квантитативни својства, да се проценат компонентите на генетската варијанса и нивното учество во креирањето на новата генерација, да се открие евентуален хетеротичен ефект кај F1 потомството, неговата јачина и можноста за негова примена во тутунското стопанство, како и да се евалуираат комбинациските способности, со што ќе се понудат корисни насоки за успешно комбинирање на посакуваните особини при изборот на родителски парови и ќе се обезбеди поголема сигурност кај селекционерот при креирање на посупериорни перспективни линии во неговата сукцесивна облагородувачка дејност

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Agriculture, forestry and fisheries
Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Doctoral Dissertations
Depositing User: M-r Bojan Mihajlovski
Date Deposited: 31 Oct 2023 13:25
Last Modified: 31 Oct 2023 13:25
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8966

Actions (login required)

View Item View Item