Antovska Mitev, Marica (2019) КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНОВАЦИСКАТА АКТИВНОСТ НА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС СЕКТОР. Doctoral thesis, University "St.Kliment Ohridski" - Bitola.
Text
Marica Antovska Mitev.pdf Download (3MB) |
Abstract
Целта на оваа докторска дисертација е преку опсежна и научно заснована анализа да се утврдат состојбите во националниот иновациски систем, да се утврди достигнатиот степен на иновативност на македонските претпријатија, практиката на конципирање и спроведување на политиките за подигање на иновативноста на македонскиот бизнис сектор и, врз таа основа, да се предложат мерки за дизајнирање на нова рамка на иновативна политика во секторот на претпријатијата.
Во теоретскиот дел на дисертацијата даден е приказ на придонесите во третманот на претприемништвото и иновациите на претставниците на т.н. канонска литература (Кантијон, Сеј и Шумпетер), како и на придонесите на познати автори во ова област (Дракер, Кизнер, Бомол, Фијон, Кесон, Б’рч, Акс), како и на нобеловците (Семјуелсон, Стиглиц, Ромер и др.) и врз таа основа се извлечени релевантни заклучоци за иновациите како домен на пазарен неуспех и како позитивна екстерналија. Во трудот е дадена комплексна анализа на македонскиот иновациски систем, на неговите основни компоненти, на неговите детерминанти и сл., и идентификувани се неговите основни слабости, но и областите во кои е постигнат определен напредок. Анализата на иновативноста на македонскиот бизнис сектор е изведена врз основа на официјалната статистичка евиденција (на ДЗС) воспоставена по 2010 година, врз основа на сопствена анкета на селектирани фирми (со повисок степен на иновативност), врз основа на анализите на меѓународни институции и сл. Овој дел на трудот е проследен со квалитативна анализа на добиените индикатори и со компаративна анализа на иновативноста на македонскиот бизнис сектор со просекот на ЕУ-28 и со селектирани високоразвиени земји. Анализирани се, исто така, и импликациите на иновативноста врз продуктивноста и конкурентноста на македонските деловни субјекти и врз другите перформанси на нивното работење. Посебно внимание е посветено на идентификување на ограничувачките фактори кои го забавуваат процесот на подобрување на иновативните перформанси на македонскиот бизнис сектор. Во дисертацијата е проследена еволуцијата на индустриската (иновативната) политика во Република (Северна) Македонија во периодот по 2006 година, низ воспоставувањето на нејзините основни сегменти: странските директни инвестиции, трговските индустриско-развојни зони и индустриските зони, државниот Фонд за иновации и технолошки развој и Планот за економски раст на владата од 2018 година, како прв, посериозен обид на државата за воспоставување на поцелосен и позаокружен систем за подршка на иновативноста на
12
македонскиот бизнис сектор. На недостатоците на одделните сегменти на македонската иновативна политика им е обрнато посебно внимание и идентификувани се подрчја на иновативната политика кои „недостасуваат“ како и подрачја во кои слабостите се посебно нагласени.
Во заклучните согледувања на докторската дисертација сумирани се препораки за дизајнирање на нова рамка на иновативна политика во секторот на претпријатијата, кои добиваат третман на интегрален дел на Планот за економски раст на Владата на Република Северна Македонија.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Doctoral Dissertations |
Depositing User: | M-r Bojan Mihajlovski |
Date Deposited: | 30 Oct 2023 08:54 |
Last Modified: | 30 Oct 2023 08:54 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8949 |
Actions (login required)
View Item |